Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 59:
===Белград===
[[Image:Siege of Nándorfehérvár.jpg|thumb|right|200px|Опсада на Белград]]
Веднаш по падот на Константинопол Мехмед II побарал од смедеревскиот деспот [[Ѓураѓ Бранковиќ]] да му врати некои земји, отстапени од Мурат, но деспотот тоа го одбил. Во април 1454 година тој спровел поход кон Поморавието и презел две тврдини, останувајќи до крајот на август во [[Софија]], а потоа се вратил во [[Едрене]]. Малку подоцна унгарските војници предводени од Јанош Хуњади го принудиле да се повлече. Во [[1455]] година Мехмед го зазел [[Ново Брдо]], едно од најзначајните рударски центри на [[Балкан]]от. Ѓураѓ Бранковиќ морал да се обврзе на договор со султанот, а со тоа да ги наруши односите со Унгарците.
 
морал да се обврзе на договор со султанот, а со тоа да ги наруши односите со Унгарците.
Константин Михаиловиќ кој бил заробен во Ново Брдо и одведен во јаничарскиот корпус за зазимањето на градот запишал:
 
{{quote|... Оттаму, Султанот тргна во 1455 година и го опколи градот наречен Ново Брдо, односно Сребрена и Златна Планина, и го зазеде, но се договори со нив и им вети на жителите дека ќе можат да останат на нивните имоти и дека нема да им ги земе младите жени и ситната челад. А кога градот се предаде, султанот нареди да се затворат сите порти, освен една. Кога Турците влегоа во градот, им наредија на сите глави на семејствата да поминат низ таа портасо жените и со децата и да остават во куќите сèшто имаат. Еден по еден, тие така и сторија. Асултанот застана пред портата и почна да ги одвојува, машките деца на една страна, женските на друга, мажите во ровот, а жените на четвртата страна. Тогаш нареди сите видни луѓе да се погубат. На другите им беше дозволено да се вратат во градот и никому не му беше забрането да се врати на својот имот. Одбра 320 момчиња и 704 жени. Жените им ги даде на своите поданици-неверници, а момчињата ги зеде засебе за јаничари и ги испрати преку море, во Анадолија, каде што ги држат. Јас, кој го пишувам ова, живеев во градот Ново Брдо и бев вака земен со моите двајца браќа.}}
 
Во 1454-1455 година османлиската флота разграбила некои егејски острови, по што Мехмед влегол во конфликт со [[Република Џенова]]. На крајот на 1455 година ги зазел островите Стара и Нова Фокеја, а во јануари 1456 година лично раководел со заземањето градот [[Енос]]. Во јуни истата година Османлиите ја освоиле и Атина, која дотогаш била под власта на фиренската фамилија Акајули. За освојувањето на Атина, Мехмед II дознал додека логорувал во близина на Белград.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II