Савџи-бег: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Савчи Бег''' бил османлиски принц кој учествувал во заеднички бунт со визанрискиот принц против нивните татковци во 1370-тите. Савчи бил син на [[Мурат I]]. Според османлиската традиција, сите кнезови или [[шехзаде]] биле провинциски управители, а Савчи управувал со [[Бурса]] кој бил втор по важност главен град по [[Едрене]].
 
== Граѓанска војна ==
 
Кога отоманските Турци го зазеле Едрене или Адријанопол, византискиот император Јован V Палеолог апелирал до Западот за помош. Но, тој бил уапсен во Венеција. Неговиот син Андроник, подоцна Андроник IV Палеолог одбил да плати откуп па Јован морал да се откаже од островот Тенедос по кое бил пуштен на слобода. По овој настан, Јован како свој престолонаследник го ставил неговиот помплад син Мануел, подоцна Мануел II Палеолог.
 
Во 1371 година, Јован морал да се признае како вазал на османлискиот султан Мурат I, а Византија во тоа време опфаќала територии околу Константинопол, Солун и мал дел од денешна Грција. Во 1373 година Јован и Мурат започнале војна против своите синови.