Ден на востанието на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.
 
И пред [[11 октомври]] [[1941]] година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, (на [[8 септември]] [[Лазо Колевски]] убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во [[Боро ПетрушевскиСкопје]] во [[СкопјеБоро Петрушевски]] убива бугарски војник, а на [[7 октомври]] во Скопје е извршен обид за убиство на агентот [[Мане Мачков]], во кој загинува [[Благоја Деспотовски - Шовељ]]), а на [[8 октомври]] [[Трајко Бошкоски - Тарцан]], пробивајќи се низ непријателскиот обрач во [[Прилеп]], убива еден непријателски полицаец.

Сепак, за почеток на [[востание]]то против фашизмот во Македонија се смета нападот кој [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]] го извршува во [[Прилеп]] на [[11 октомври]] [[1941]] година. Во нападот учествуваат 16 партизани,<ref>[http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1539&stID=19942&pR=15 „Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња“], Утрински весник</ref> распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората - затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
* Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
* Во втората група биле: Никола Попоски (командир), [[Мице Козар]], Пецо Крстески, Јонче Јанески, [[Благоја Корубин]] и Душко Ристески.