Трапезунтско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава eu:Trebizondako Inperioa
с Бришење на "Sumela.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на INeverCry поради: Per [...
Ред 72:
 
== Врв и граѓанска војна ==
 
[[Податотека:Sumela.jpg|thumb|180px|[[Манастирот Сумела]], изграден во 386 година, достигнал најголема важност за време на владеењето на трапезунтскиот цар Алексиј III и неговиот син Мануил III.]]
Малото Трапезунтско Царство најуспешно се наметнало на почетокот, под водството на [[Алексиј I]] (1204-1222) и особено за време на владеењето на неговиот помлад брат Давид, кој загинал во битка во 1214 година. Вториот син на Алексиј, [[Мануил I]] (1238-1263), ја зачувал државната безбедност и се здобил со репутација на многу добар војсководец, но царството веќе ги губело граничните територии од [[Чепни (народ)|Чепни]]<ref>Haldon, John, The Palgrave Atlas of Byzantine History PART III: THE LATER PERIOD (c. 11th–15th Century), The map includes "Chepni Türkmen"</ref> [[Туркмени]]те и морало да плаќа данок на [[Румски Султанат|Селџуците од Рум]], а потоа и на [[Монголска Империја|Монголското Царство]] и [[Илканат]]от, како знак за нештата што претстојат. Проблематичното владеење на [[Јован II]] (1280-1297) вклучувало и смирување со [[Византија]] и бил ставен крај на аспирациите за Константинопол. Трапезунт ја достигнал најголемата слава и влијание за време на долгото владеење на [[Алексиј II]] (1297-1330). Трапезунт претрпел период на симнувања од престолот и атентати од крајот на владеењето на Алексиј па се до почетокот на владеењето на [[Алексиј III]], во 1355 година. Царството никогаш целосно не успеало да на врати внатрешната кохезија, трговска надмоќ или територија.