Харем-и Хумајун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
== Историја ==
 
Османлискиот султански харем се наоѓал во палатата [[Топкапи Сарај]] во [[Константинопол]]. Ова била официјалната резиденција на мајката на султанот односно [[Валиде султан]], на неговите сестри, ќерки и наследниците на султанот ([[шехзаде]]), на неговата жена, љубовниците и наложници. Во харемот живееле околу 700 жени од изградбата на ''Кафезот''. Харемот бил опслужуван по стар византиски начин од евнуци облечени во црно (карагалари) кои биле под команда на Дарусаде Агаси. Капа Агаси бил управител на белите евнуци (акагалари) и тие биле одговорни за сигурноста на харемот. До [[1587]] година Капа Агаси располагал со внатрешна власт во палатата, а неговата функција се споредувала со онаа на везирот, а по [[1578]] година поголемо влијание во харемот добиле црните евнуци.
 
Во османлискиот харем постоела строга хиерархија. Прва дама била Валиде султан, а по неа по ранг биле сестрите на султанот, а потоа следувала неговата сопруга. Харемот бил одржуван со специјален данокот наречен башмаклак).