Босанска криза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Босанската криза''' или анексијата на отоманските територии на Босна претставува присоединување на територијата на денешна [[Босна и Херцеговина]] кон [[Австро-Унгарија]].
 
== Позадина ==
 
Според Берлинскиот договор од 1878 година во Босна и Херцеговина бил воведен окупаторски режим на [[Австро-Унгарија]] под изговор да се воспостави мир и ред по немирите во двете области во 1875-1878 година. Османлискиот султан го задржил на хартија суверенитетот на земјата кое било потврдено со билатерална конвенција во април 1879 година. Уште кон крајот на истата година и во почетокот на [[1880]] година, сепак [[Австро-Унгарија]] ја вклучила Босна и Херцеговина во своите граници и во даночниот систем. Управувањето било ставено под директна контрола од Министерството за финансии во [[Виена]]. Во [[1881]] година била воведена воена служба за локалното население, што довело до вооружен востание во Херцеговина во почетокот на [[1882]] година.