Разлика помеѓу преработките на „Хамидски масакри“

Додадени 2.455 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
(нс)
 
Ерменските колежи од 1894-1896 година се масовни убиства на Ерменците преземени во обид за задушување на ерменското национално движење во Отоманската империја.
 
Според Берлинскиот договор (член 61) од јули 1878 година Високата порта била обврзана да воведе "без одложување поголеми подобрувања и реформи што се бараат од локалните услови во областите населени со Ерменци, и да обезбеди нивната безбедност од черкезите и Курдите". Во 1880 година Големите сили, задолжени за надзор за спроведувањето на договорот (Русија, Австро-Унгарија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија), на неколку пати повикале режимот на Абдул Хамид II да ја примени оваа клаузула, но ова не довело до резултат. Административно-територијалната поделба на Западна Ерменија била направена така што Ерменците останале малцинство во сите четири вилаети аде живееле, односно во Ван, Ерзурум, Битлис и Дијарбакир, а насилството од страна на курдските феудалци продолжило со поддршка на локалните власти.
 
Во почетокот на 90-тите години била создадена Ерменска револуционерна организација. Репресиите ескалирале во август 1894 година, по неуспешното востание на Ерменците во реонот на Сасун. Во август 1896 година група ерменски револуционери ја зазеле зградата на Отоманската банка во Константинопол со барање за спроведување на неисполнетите реформи. Како одговор на ова било извршено прогонување на ерменската заедница во градот, а репресијата се пренесочила и во другите делови на империјата. Бројот на жртвите достигнал до 300.000.