Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 112:
 
Во битката победила војската на Тимур а Бајазит I ,со еден од неговите синови, бил заробен, а неговиот друг син бил убиен во битката. Тимур невообичаено нежно се однесувал со поразениот турски султан, па дури и го приврзал кон себе. Но, кога тој се вмешал во заговор против него, станал построг и Бајазит станал вистински затвореник, чиј живот зависел од волјата на победникот. Во [[Битка кај Анагора|текот на битката]], турските бегови од областите [[Ајдин]], [[Сарухан]], [[Ментеш]] и [[Караманија]] преминале на страната на [[Тимур]] и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 [[јаничари]], [[султан]]от во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле.
 
== Заробеништво==
 
За да го спречи можното бегство на Бајазит, Тимур наредил да биде пренесен на носилка во решетки односно во кафез. Според некои покасни извори, Тимур на Бајазит го дочекал пријателски. Кога го прашал што би направил кога би бил на негово место, тогаш Бајазит му одговорил дека ќе го внесе во кафез по кое следувала наредбата за градење на кафезот. Колку и да било точно овој извор, сепак се знае дека Тимур не бил многу почитуван во заробеништво. Тимур решил да го понижи султанот доведувајќи ја бајазитовата најмила жена, спрската кнегиња Оливера. Тој ја носел постојано во својот логор и наредувал да му служи. Султанот Бајазит му порачал на Тимур дека како човек од скромно потекло не треба да се однесува на таков начин со еден цар исмејувајќи ги неговите жени и деца. Бајазит исто така бил носен во кафезот низ целиот воен логор на Тимур каде неговите војници го исмејувале.
 
Султанот Бајазит починал на [[9 март]] [[1403]] година <ref>Ismail Hakki Uzuncarsili. Osmanli tarihi, cild, 3 baaski, Ankara 1972, 310-320</ref>По победата, Тимур не продолжил со своите победи во [[Анадолија]], туку се свртел кон исток, сакајќи да ја освои [[Кина]].