Бен Невис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
историја
Ред 27:
'''Бен Невис''' (шкотски: ''Beinn Nibheis'') е највисокиот врв на [[Британски Острови|Британските Острови]]. Со надморска височина од 1344 метри, лоциран е во западниот предел на [[Грампијански Планини|Грампијанските Планини]], кај [[Локхабер]] во областа [[Хајленд]], близу населеното место [[Форт Вилијам]].
 
Овој врв е популарна туристичка атракција, за што говори бројката од преку 100 илјади посетители годишно. Околу Бен Невис има неколку ридови со надморска висина од 700 метри, и на нив најчесто се искачуваат ентузијасти и професионални [[алпинист]]и од сите возрасти. Познати се и по тешкиот и непредвидлив терен за зимско планинарење.
 
На местото каде што порано постоел активен [[вулкан]], отворена била [[опсерваторија]] која активно работела во периодот 1883 до 1904 год. Нивните [[метеорологија|метеоролошки]] изстражувањеизстражувањa биле многу важни како би се откриле [[клима]]тските феномени во [[Шкотска]]. Физичарот [[Чарлс Вилсон]] бил инспириран да ја конструира познатата [[Вилсонова комора]], која детектира [[јон]]изирачки зрачења, кусо по неговото напуштање на опсерваторијата.
 
Една од поинтересните занимливости поврзани за овој врв, е приказната за Џон МекДоналд. Имено, овој човек познат како ''Долгиот Џон'', во 1825 год. ја отворил една од најстарите фабрики за производство на [[скоч]] (традиционален шкотски алкохолен пијалок). Фабриката за [[дестилација]] се наоѓа кај Викториниот мост близу северниот дел на [[Форт Вилијам]]. Ова е еднаеден од првите лиценцирани капацитети за правање и дисрибуција на [[алкохол]] во [[Европа]].
 
== Етимологија ==
Името Бен Невис е англо-саксонска транскрипција на [[келти|келтското]] „Beinn Nibheis“. ''Beinn'' е [[шкотски]] збор кој означува [[планина]], додека пак ''Nibheis'' нема прецизирано значење, а најчесто се користи за поимање на нешто отровно[[отров]]но или токсично. Друго толкување на поимот „Beinn Nibheis“ би можело да потекнува од „beinn nèamh-bhathais“, каде ''nèamh'' значи облаци или рај, додека ''bhathais'' е човечка [[глава]]. Така настанал прекарот „Рајски Планини“, со кој поетите често ги ословуваат овие врвови. Месното население планината ја нарекува само „the Ben“.
 
== Историја ==
Првото забележано искачување по Бен Невис било на 17 август, 1771 год, а го направил Џејмс Робертсон, [[Единбург|единбуршки]] [[ботаничар]], чија што намера била да собере примероци од ендемични [[растенија]]. Џон Вилијамс бил вториот освојувач на Бен Невис (1774), кој дошол да го истражува [[геологија|геолошкото]] потекло на [[планина]]та. Но дури во 1847 год. било констатирано дека Бен Невис е највисокиот [[британски]] врв, титула која дотогаш му прапаѓала на [[Бен Макдуи]].
 
Изградената [[опсерваторија]] во 1883 год. значајно го промовирала овој врв како туристичка дестинација. Во минатото постоела идеја да се постави [[железница|железничка]] пруга за поголема пристапност кон ова место, но таа замисла никогаш не била реализирана. Во 2000 год. Бен Невис бил даден под концесија на [[шкотска]]та хуманитарна организација John Muir Trust.
 
== Еколошки проблеми ==