Адолф Ајхман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
По крајот на Втората светска војна, тој по грешка бил пуштен на слобода од страна на американските трупи. По неколку неуспешни неуспешни обиди да биде фатен, нашол засолниште во [[Аргентина]] под името ''Рикардо Клемент''. Сè до [[1957]] година не се знаело каде се наоѓа додека неговиот син Ник не се спријателил со девојката Силвија, чиј татко [[Лотар Херман]] го преживеал [[холокауст]]от. Лотар почнал да се сомнева во младиот Ајхман и му испратил писмо на својот пријател, исто така, преживеан во холокаустот, Фриц Бауер, обвинител во [[Германија]]. Бауер ги информирал Израелците и по истрагата на агентот на [[Мосад]] Цви Ахарони ја лоцирал куќата на семејството на Ајхман на улица „''Гарибалди''“ во главниот град на Аргентина и се вратил со фотографии на Ајхман. Израелски форензичари ги споредиле ушите до детали на секоја фотографија и, конечно, го потврдиле идентитетот на злосторникот.
 
Вечерта на [[11 мај]] во [[1960]] година група седуммина луѓе го фатиле Ајхман на автобуска станица на која секоја ноќ пристигнувал од работа од фабрика на „''Мерцедес''“. „''Кога се симнал од автобусот, агентот Цви Малкин скокнал на него, ставајќи му во уста ракавица да го спречи да голтне апче со цијанид во случај ако имал скриен во заб''“, рекол Авнер. Двајца агенти помогнале да го внесат Ајхман во автомобил во кој го чекал Ахарони, велејќи му: „''Ако се помрднеш, ќе те стрелам в глава. Ајхман одговорил на германски: ’Ја прифаќам својата судбина''‘“.
 
Потоа бил држен во скривница девет дена додека не бил префрлен со авион на израелската авионска компанија „Ел Ал“, со која стигнала израелска делегација на прославата на 150-годишнина на Аргентина. Бил облечен во униформа на „Ел Ал“ и седел во прва класа, а бил претставен како член на делегацијата на кого му се слошило. Операцијата била толку таинствена што дури и дипломатот Аба Ебан, кој подоцна станал шеф на дипломатијата на Израел, не знаел дека Ајхман бил во авионот и дека поради тоа се одложувало неговото враќање во Израел<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7BF27F460D24804F9E49F12BA2B5FFB0|title=Мосад раскажа како го улови Ајхман|accessdate=2012-11-11}}</ref>.
 
== Наводи ==
{{наводи}}