Интернет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 101.112.158.76 (разговор), вратено на последната верзија на MerlIwBot
Ред 12:
Името интернет е добиено како кратенка од INTERnational NETwork - INTERNET што во превод би значело меѓународна мрежа. А во неа се вклучени милиони луѓе од светот.
 
PAGE ERROR 404
== Структура и организација на интернетот ==
Интернет како мрежа постои веќе триесетина години, меѓутоа со појавата на World Wide Web (WWW) интернет станува она што го знаеме денес.
 
Во почетокот на интернетот било комплицирано барањето на податоците, корисниците биле принудени рачно да ги испишуваат наредбите. Поголем број корисници не сака или не ги знае наредбите.
 
Затоа 1989 година [[Тим Бернерс-Ли]] од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на податоците помеѓу луѓето, т.е. сѐ уште само на научниците бидејќи 1989 година суште немало голем број на домашни сметачи и имало многу мал број на корисницина интернет.
 
Крајот на 1990 година почнал да се развива и самиот проект WWW. Започува со развој на првата програма за пристап на интернет со едноставно име WWW. Овој програм работел со текстуално пребарување. Кон крајот на 1992 година, веќе постоеле 50тина опслужувачи за WWW. Набрзо е напишан и првиот прегледувач со графички приказ Viola, а напишана е и првата верзија на HTML (Hyper Text Marcup Language), толку поедноставна од денешната, но постоењето на хипер врски за поврзување на документите овозможува лесно пребарување и сосема доволна достапност на информациите.
 
Почетокот на 1993 година Marc Andreessen од NCSA (National Center for Supercomputing Applications) напишал и друг таков пребарувач, наречен Mosaic. Marc 1994 година основа фирма Netscape Communications и покрај [[Тим Бернерс]] се смета за најзначен човек за развојот на WWW.
 
При крајот на 1994 година, проектот за развој на WWW го презема Конзорциумот W3 кој заеднички го основале CERN и MIT (Massachusetts Institute of Technology).
 
1994 година еволуира и HTML кој во верзијата 2.0 донесува подршка за некои клучни новини како што се: [[формулар]]и и [[образец|обрасци]]. Истата година излегува и првата верзија на Netscape кој донесува една многу важна новост, прикажување на JPEG слики (другите прелистувачи биле ограничени само на GIF-ови).
 
1995 година Netscape излегува со верзијата 1.1 и воведува додатни новости, меѓутоа надвор од важечките стандарди за HTML јазик. Внесува свои тагови, како што се оние за позадини и таблици. Иако ова предизвика бројни расправи за исправноста на таквата постапка, Netscape-овите ознаки почнуваат да владеат на мрежата.
 
1995 година излегуваат и Windows 95 од фирмата Microsoft која тоа време не беше свесна за важноста на интернетот па поради тоа, како додаток, исфрла слаба верзија на Internet Explorer прелистувач.
 
1996 година Netscape исфра верзија по верзија, на што Microsoft одговара со Internet Explorer 2.0, кој најавува создавање на уште еден моќен прелистувач, јака конкуренција на популарниот Netscape.
 
После неуспешни стандардизации на HTML 3.0, W3 дига раце од HTML, за после излегување на Internet Explorer 3.0, кој е много подобар од истобројната верзија на Netscape, да се врати на следењето на развојот на HTML стандардот, по што излегува HTML 3.2.
 
1997 година излегува четвртата верзија на HTML јазикот, а на пролет истата година, двете фирми исфрлаат свои пребарувачи со бројот 4.0.
 
1998 година под надзор на W3 конзорциумот, конечно излегува HTML 4.0 во три подверзии:
 
* HTML 4.0 Strict – наменет за употреба на каскадни стилски страници (CSS);
* HTML 4.0 Transitional – има презентациски можности и
* HTML 4.0 Frameset – за употреба на рамки
 
19 декември 2000 година W3 конзорциумот официјално ги издава xHTML 1.0 стандардите.
 
== Адреси на интернет ==