Миланско Војводство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 47:
'''Миланското војводство''' ([[италијански]]: ''Ducato di Milano'') е историска држава која се наоѓала на територијата на денешна [[Италија]]. Војводството било создадено во [[1395]] година како вазална држава на [[Светата Римска империја]] а престанало да постои во [[1797]] година кога [[Наполеон Бонапарта]] извршил инвазија во денешна [[Италија]].
 
Војводството било создадено на [[1 мај]] [[1395]] година од [[Жан Галеацо Висконти]] <ref name=tre>[http://www.treccani.it/enciclopedia/milano/#ducatodim-1 Ducato di Milano, na portalu treccani, pristupljeno 28. 06. 2011.]{{it icon}}</ref>, лорд на [[Милано]] и прв милански војвода. Кога [[династија Висконти|династијата Висконти]] изумрела во [[1447]] година, Милано се прогласил за република а на чело на земјата застанал [[Франческо Сфорца]] кога успеал да се ожени со ќерката на последниот милански војвода. [[Династија Сфорца]] со Милано владеела до [[1535]] година.
 
Во [[1498]] година, војводата од Орлеон станал крал на Франција под името [[Луј XII]]. Веднаш по застанувањето на тронот тој ја побарал круната во Милано бидејќи сметал дека го наследил од неговиот татко. По одбивањето од страна на Сфорца следувала инвазија во 1499 година во [[Северна Италија]] каде успеал да го симне од престолот на [[Лудовико Сфорца]]. Франција со Миланското војводство владееле до 1512 година, кога со помош на Швајцарија на чело на земјата бил поставен [[Масимилијан Сфорца]], син на Лудовико. Новиот француски крал Франсоа I во 1515 година повторно го нападнал војводството и го заробил на Масимилијан. Со Милано французите владееле до 1521 година кога Австријците на власт го поставиле [[Франческо Сфорца II]], брат на Масимилијан.
Ред 54:
 
Под власта на Шпанија војводството останало до почетокот на [[Борба за шпанско наследство|борбата за шпанското наследство]] во 18 век, кога било освоено од страна на Австрија. Под австриска управа останало до почетокот на Наполеонбските војни кога во 1796 година престанало да постои. По поразот на Наполеон, според мировниот договор од 1815 година Миланското војводство не било обновено туку било вклучено во составот на [[Кралство Ломбардија-Венеција]] кое пак престанало да постои во 1866 кога било припоено кон Кралство Италија.
 
== Наводи ==
{{наводи}}