Миланско Војводство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во 1498 година, војводата од Орлеон станал крал на Франција под името Луј XII. Веднаш по застанувањето на тронот тој ја побарал круната во Милано бидејќи сметал дека го наследил од неговиот татко. По одбивањето од страна на Сфорца следувала инвазија во 1499 година во Северна Италија каде успеал да го симне од престолот на Лудовико Сфорца. Франција со Миланското војводство владееле до 1512 година, кога со помош на Швајцарија на чело на земјата бил поставен Масимилијан Сфорца, син на Лудовико. Новиот француски крал Франсоа I во 1515 година повторно го нападнал војводството и го заробил на Масимилијан. Со Милано французите владееле до 1521 година кога Австријците на власт го поставиле Франческо Сфорца II, брат на Масимилијан.
 
По францускиот пораз во [[Битка кај Павија|битката кај Павија]] во 1525 година, Франческо Сфорца се придружил кон сојузот против царот заедно со Венецијанската република, Фиренската република, папата и Франција. По неговата смрт во 1535 година тронот останал без наследник, па земјата повторно била воведена во војна помеѓу Светата Римска империја и франција. Во 1545 година било основано Војводство Парма, јужно од реката По. Карло V успеал да го завладее војводството по потпишувањето на мировниот договор.