Монблански тунел: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:Tunnel du mont-blanc coté italien.jpg|thumb|250px|right|Влезот во тунелот Мон Блан од италијанска страна.]]
'''Тунелот Мон Блан''' е патен [[тунел]] во [[Алпи]]те под планината [[Мон Блан]], кој го поврзува Шамони во Франција ({{coor dms|45|54|5|N|6|51|39|E}}) со Курмајер во Италија ({{coor dms|45|49|4|N|6|57|7|E}}). Тунелот е еден од главните алпски патишта, особено за Италија која го користи тунелот за превоз на дури една третина од вкупниот транспорт на товар кон северна Европа. Тунелот го скратува патот од Франција до Торино за 50км, а до Милано за 100км.
 
Градбата на тунелот започнала во 1957, а завршила во 1965. година. Тунелот е долг 11,6км, широк 8,6м и висок 4,35м. Тунелот не е хоризонтален, туку има форма на буквата „Л“. Од француска страна, почнува на надморска висина од 1274м, а на италијанска страна на 1381м. Сообраќајот се одвива низ една галерија со по една коловозна лента во секоја насока.