Систем за излачување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ќе довршам друг пат
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Системот за излачување''' или '''екскреторен систем''' е [[органски систем]] чијашто основна функција е [[екскреција]]та (излачувањето) на штетните или непотребни материи ([[екскрет]]и) од [[Организам|организмот]]. Екскретите се продукти од активниот [[метаболизам]]. Тие, доколку се задржат подолго време во организмот, може да бидат штетни, па дури и летални. Најчести екскрети кај [[животни]]те се [[вода]]та, [[амонијак]]от, [[уреа]]та и [[Мочна киселина|мочната киселина]]. Сите овие материи се отстрануваат од телото преку најразлични патишта, односно во процесот на екскреција учествуваат повеќе органски системи, како [[Кожен систем|кожниот]], [[Систем за дишење|респираторниот]], [[Систем за варење|дигестивниот]] и други. Меѓутоа, најголемиот дел од нив се екскретираат преку специјализирани [[орган]]и за излачување.
 
== Видови екскреторни органи ==
 
Во животинскиот свет се среќаваат неколку видови на органи за екскреција: [[Нефридија|нефридии]], [[Метанефридија|метанефридии]], [[Малпигиево цевче|малпигиеви цевчиња]] и како [[Еволуција|еволутивно]] најусовршени се [[Бубрег|бубрезите]].
 
=== Нефридии ===
Нефридиите (или протонефридиите) се карактеристични екскреторни органи за [[Сплескани црви|сплесканите црви]]. Нефридијата е всушност цевчест орган, кој се состои од два (или повеќе) основни канали, поставени лонгитудинално во телото. Од овие канали се разгрануваат се помали, од кои едни завршуваат во [[Ткиво|ткивата]] со [[ѕвездеста клетка]], додека други преку екскреторна пора комуницираат со надворешната средина. Ѕвездестата клетка содржи [[Цилија|трепки]] со чијашто помош се буткаат екскретите од ткивата во каналниот систем на нефридијата. Потоа тие се пренесуваат до екскреторната пора откаде се елиминираат од организмот.
 
=== Метанефридии ===
Метанефридиите се карактеристични екскреторни органи за [[Прстенести црви|прстенестите црви]]. Како и нефридиите, и тие се цевчести органи. Во телото на прстенестите црви има многу метанефридии. Секоја од нив се состои од почетен, инковиден дел наречен [[нефростом]], кој продолжува во главната или собирна цевка. Потоа, таа се поврзува со [[Мочно ќесе|мочното ќесе]], од каде што преку екскреторна пора екскретите се изнесуваат од организмот.
 
Секоја метанефридија со нефростомот се наоѓа во еден сегмент од [[целом]]от, додека со другите елементи е во друг. Притоа, таа го пробива [[перитонеум]]от (целомската преграда).
 
=== Малпигиеви цевчиња ===
Тие се карактеристични за повеќето [[членконоги]], особено за [[инсект]]ите. По [[Морфологија (биологија)|морфологија]] се цевковидни и се наоѓаат меѓу средното и задното црево од дигестивниот систем. Тие ги транспортираат водата, уреата и некои [[јон]]и преку [[активен транспорт]] од [[Целомска течност|целомската течност]] во дигестивниот систем. Потоа во [[ректум]]от уреата се таложи и кристализира и се одделува од остатокот. Овој дел се реапсорбира по пат на [[осмоза]] назад во целомската течност, додека уреата, заедно со [[фецес]]от се отстранува во вид на сув екскрет.
 
=== Бубрези ===
Бубрезите се еволутивно најусовршените екскреторни органи. Се среќаваат кај повеќето ‘рбетници. Тие функционираат по терк на метанефридиите. Постојат морфолошки различни видови на бубрези - од лентовидни кај [[риби]]те до гравовидни кај [[луѓе]]то.
 
Бубрегот кај човекот се состои од неколку слоеви: бубрежна капсула, бубрежна кора, бубрежна срцевина и бубрежно легенче. Во кората и срцевината се простира основната функционална единица на бубрегот - [[нефрон]]от. Преку процесите на [[филтрација]], [[реапсорпција]] и [[секреција]], тој ја формира [[Конечна урина|конечната урина]].
 
Кај повеќето ‘рбетници, бубрезите се дел од екскреторниот систем, кој ги опфаќа и [[мочовод]]ите, [[Мочен меур|мочниот меур]] и [[Мочен канал|мочниот канал]].
[[Категорија:Систем за излачување]]
 
[[en:Excretory system]]