Капитолски музеи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:CampidoglioEng.jpg|thumb|right|350px|Планот на Микеланџело за плоштадот Кампидољо. Гравура од Етјен Дуперак, 1568.]]
 
'''Капитолинските музеи''' (итал. ''Musei Capitolini'') се група уметнички и археолошки музеи на ритчето [[Капитолино]] во [[Рим]] сместени на плоштадот [[Кампидољо]]. Музеите се сместени во три палати кои го опкружуваатформираат трапезоидниот плоштад. Планот за плоштадот го направил [[Микеланџело Буонароти]] во 1536. Историјата на музеите може да се следи наназад до 1471, кога [[папа]]та Сикстус IV ја подарил колекцијата од важни антички бронзени скулптури на народот на Рим и ги сместил на ридот. Оттогаш, музејската колекција постојано растела и вклучувала антички статуи, натписи и други артефакти; подоцна, колекции на средновековна и ренесансна уметност, колекција на скапоцени камења, монети итн. Музеите се во сопственост и управувани од градот Рим.
 
Во центарот на плоштадот денес се наоѓа статуа на коњаник, која е копија на оригиналната римска статуа на [[Марко Аурелиј]]. Оригиналната статуа се наоѓа во музејот. Многу антички римски статуи биле уништени како паганско наследство во текот на вековите во Рим, оваа преживеала бидејќи се мислело дека го претставува [[Константин I Велики]], заштитникот на христијанството.