Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
'''Блек металот''' е екстремен поджанр на хеви метал музиката. Вообичаено се одликува со брзи темпа, врескави вокали, доста дисторзирани гитари, свирено со тремоло трзање, брзо тропање на тапани, суров звук и невообичаена структура на песните.
Во текот на 80-тите години на 20. век, повеќе треш метал групи создадоа прототип за блек метал. Овој таканаречен „прв бран“ вклучува групи како Веном, Батори, Хелхамер и Селтик Фрост. „Вториот бран“ се појави во раните 1990-ти, предводени од норвешките групи како Мејхем, Бурзум, Дарктрон, Имортал и Емперор. Музиката од раната норвешка блек метал сцена е прерасната во одделен жанр.
Ред 5 ⟶ 4:
 
==Инструментација==
 
Гитаристите од жанрот блек метал обично се благонаклонети кон остри гитарски тонови и тешка дисторзија. На гитарата обично се свири со многу брзо и непригушено тремоло трзање. Гитаристите често дисонанца – заедно со специфични скали, интервали и акордски прогресии – за да се доловат вознемирувачки и застрашувачки звуци. На пример, интервалот од цели три тона (тритон) е често употребуван. Гитарските сола и ниските гитарски штимови се ретки во блек металот.
Бас гитарата ретко се употребува за самостојни мелодии. Не е реткост присуството на бас гитарата да биде минимално или тешко да се чуе, или хомофонски да се следи бас линијата, одделно од онаа на гитарата. Вообичаено, тропањето на тапаните е брзо и со удари на два бас тапани и со т.н. “blast” удари.
Ред 10:
 
==Вокали и текстови==
 
Традиционалните или „пуристичките“ блек метал групи обично употребуваат остри и груби вокали кои вклучуваат крештење, врескање и црекање. Овој стил на вокали е влијание од Квортон од групата Батори, и е една од особините кои ги разграничуваат традиционалните блек метал вокали од оние во дет металот (death metal), коишто обично се одликуваат со подлабоки вресоци.
“Блек метал” (Black metal), првично бил употребуван како израз за екстремни метал групи со сатанистички текстови. Денес, најчестата и основна тема на текстовите е противење на христијанството и другите организирани религии. Како дел од тоа, многу изведувачи пишуваат текстови кои можат да бидат сфатени како промовирање на атеизам, антитеизам, паганизам или сатанизам. Одбивноста на многуте секуларни или паганистички изведувачи на некој начин е сврзана со христијанизацијата на нивните земји. Други често истражувани теми се депресијата, нихилизмот, мизантропијата, смртта и други мрачни теми. Сепак, со текот на времето, многу изведувачи почнаа да се фокусираат повеќе на теми како годишните времиња (особено зимата), природата, митологијата, фолклорот, филозофијата и фантазијата. За повеќе информација за текстовите во блек металот, погледни подолу во делот “идеологија”.
==Продукција==
 
Нискобуџетниот квалитет на звукот беше типичен за раните блек метал изведувачи со ниски буџети, чиишто записи често се снимале во домовите или подрумите на изведувачите. Сепак, дури и кога биле во можност да го подобрат квалитетот на продукцијата, многу од изведувачите избираа да го задржат нискиот квалитет на записите. Причината за тоа беше да се остане верен на жанрот и неговите “подземни” корени и музиката на биде „посурова“ и „постудена“. Еден од попознатите вакви примери е албумот „Трансилваниски глад“ (Transilvanian Hunger) од Дарктрон – група која е сметана како репрезентативна на тој аспект од блек металот, како што е речено од Џонатан Селзер од списанието “Терорајзер”. Многу тврделе дека првично блек металот не бил замислен да привлече многубројна публика. Вокалистот Гаал во раните години има речено „блек металот никогаш не бил замислен да стигне до некаква публика, беше само за наше сопствено задоволство“.
 
==Изглед и изведба==
 
За разлика од изведувачите од другите жанрови, многу блек метал изведувачи не одржуваат концерти. Групите кои избираат да настапуваат често употребуваат сценски и театарски реквизити. Мејхем и Горгорот, меѓу разни други групи, се запаметени по нивните контроверзни изведби коишто вклучуваат прободени животински глави, исмевачки распнувања, средовековни оружја, како и членовите на овие групи облиени со животинска крв.
Блек метал изведувачите често настапуваат облечени во црно, со борбени чизми, појаси со муниција, шилести стегачи на рацете, обратно свртени крстови, пентаграми, за да се стави нагласок на нивниот антихристијански или антирелигиски став. Меѓутоа, нивната највоочлива особина е нивната црно-бела шминка, наречена “корпс пејнт” (corpse paint, во буквален превод - мртовечка боја или боја за мртовци), често придружена со вистина или лажна крв, за да се долови мртовечкиот изглед.
Ред 22 ⟶ 25:
 
==Првиот бран==
 
Првиот бран блек метал се однесува на оние групи од 1980-тите години од кои потекна идејата и кои го создадоа прототипот на овој жанр. Често тоа беа т.н. спид (speed) или треш (thrash) метал групи.
Изразот „блек метал“ (black metal) е скован од англиската група Веном (отров) со нивниот втор албум од 1982 година со истиот тој наслов. Иако повеќе сметан за треш, отколку за блек метал според денешните мерила, текстовите и целокупната визуелна слика околу албумот се фокусирани на антихристијански и сатанистички теми повеќе од било кои пред тоа. Нивната музика беше брза, продукциски неиспеглана, со груби или дречливи вокали. Членовите на Веном исто така имаа прифатено псевдоними, пракса која станува широкоприфатена меѓу музичарите од жанрот.
Ред 29 ⟶ 33:
 
==Крај на првиот бран==
 
Во времето на издавањето на албумот “Under the Sign of the Black Mark” на Батори, албумот бил сметан за дет метал плоча. Во петтото издание на своето љубителско списание Слејер (Slayer), Металион ќе напише дека „последната мода на блек/сатанистички групи како да завршила“, традицијата била продолжена од неколку групи како Инкубус и Морби Ејнџел (од САД), Сабат (од Велика Британија), Торментор (од Унгарија) и Саркофаго (од Бразил).
Во годините пред издигнувањето на норвешката блек метал сцена, важни плочи се издадени од Рут и Мастерс Хамер (Master’s Hammer од Чехословачка), Вон (од САД), Бласфеми (од Канада), Ротинг Крајст (од Грција) и Самаел (од Швајцарија).
Ред 39 ⟶ 44:
 
Во почетокот на вториот бран, различните сцени развија свои сопствени стилови; Алан "А.А. Немтенга" Аверил вели "постоеја грчки звук, и фински, и норвешки звук, германски и швајцарски групи и слично". До средината на 90-тите стилот на норвешката сцена беше прифатен од бендови сирум светот. Поновите блек метал групи исто така започнаа со подобрување на продукцискиот квалитет и воведуваа додатни инструменти како синтисајзери и дури цели симфониски оркестри. До доцните 90-ти, “подземната” сцена ја обележаа многу норвешки групи, како Емперор, Имортал, Диму Боргир, Еншент, Ковенант и Сатирикон, како искомерцијализирани и дел од популарната сцена.
 
 
 
==Хелвете и Детхлајк Сајленс==
 
Во периодот мај-јуни 1991, Еуронимус од Мејхем отвори независна продавница за плочи, Хелвете (пекол на норвешки), во Осло. Музичари од Мејхем, Бурзум, Емперор и Торнс често се среќаваа таму и тоа стана главната продавница за блек метал изданија. Во својот подрум, Еуронимус формира и своја независна издавачка куќа, Детлајк Сајленс Продакшанс. Заради зголемената популарност на неговата група и други како неа, овој “андерграунд” успех често се смета како заслужен за охрабрувањето на други издавачки куќи кои пред тоа го отфрлале блек металот, да се согласат да издаваат таков материјал.
 
 
==Самоубиството на Дед==
Ред 56 ⟶ 58:
 
Подоцна, двајца други членови од раната норвешка сцена се самоубија: Ерик 'Грим' Бредрескифт (од Имортал, Боркнагар и Горгорот) во 1999, и Еспен 'Сторм' Андерсен (од Стрид) во 2001.
 
 
==Палења на цркви==
Ред 63 ⟶ 64:
 
Денес, мислењата за палењата на црквите се различни меѓу блек метал заедницата. Гитаристот Инфернус и поранешниот вокалист Гаал од бендот Горгорот ги поддржуваа палењата на црквите во интервјуа; Гаал изјави "требаше да има уште повеќе, и ке има уште повеќе". Сепак, Некробучер и Кјетил Манхајм од Мејхем ги осудија палењата; Кјетил Менхејм изјавува "Некои само сакаа да бидат прифатени од строга група [блек метал сцената]... сакаа еден вид одобрение и статус".
 
 
==Убиството на Еуронимус==
Ред 74:
Имало и краткотрајно непријателство меѓу норвешката и финската сцена во 1992 и 1993. Тоа непријателство било делумно мотивирано од навидум безопасни закачки, на пример Нуклиар Холокауст од финската група Бехерит му се јавувал среде ноќ на Самот од Емперор (во Норвешка) и Мика Лутинен од Импејлд Назарен (во Финска), Повиците содржеле бесмислено дрдорење и пуштање на детски песни, иако Лутинен верувал дека тоа биле смртни закани од норвешки групи.
Имено, на насловната обвивка на албумот “Tol Cormpt Norz Norz Norz“ на Импејлд Назарен е испишано „не се прифаќаат порачки од Норвешка“, а на задната страна е напишано „Смрт за норвешките копилиња“. Финската група Блек Крусификшн ги критикуваат Дарктрон за „трендовска“ заради тоа што Дарктрон првично започнала како дет метал група.
 
==Стилска поделба==
 
* Симфоничен блек метал – поджанр на блек металот во којшто се употребуваат симфониски или оркестарски елементи. Тоа може да вклучува и инструменти кои се користат во симфониските оркестри (пиано, виолина, виолончело, флејта и клавијатури), “чисти” или оперски вокали и помалку дисторзирани гитарски звуци.
* Викинг металот е стил во којшто нордискиот блек метал стил се комбинира со нордиска фолк музика и митологија. Викиншкиот метал често има суров метал звук кој може да биде „надополнет со тажни клавијатурски мелодии“. Вокалите обично се мешавина од високо врескање и „чисто“ хорско пеење. Сепак, терминот „викинг метал“ може исто така да се употреби за опис на било која блек метал група кои употребуваат викиншки елементи или теми во својот стил, текстови, изглед или изведба. Изворната идеја за викиншкиот метал може да се препознае во албумите како “Blood Fire Death” (1988) и “Hammerheart” (1990) од шведската група Батори.