Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
{{викификација}}
'''Блек металот''' е екстремен поджанр на хеви метал музиката. Вообичаено се одликува со брзи темпа, врескави вокали, доста дисторзирани гитари, свирено со тремоло трзање, брзо тропање на тапани, суров звук и невообичаена структура на песните.
Во текот на 80-тите години на 20. век, повеќе треш метал групи создадоа прототип за блек метал. Овој таканаречен „прв бран“ вклучува групи како Веном, Батори, Хелхамер и Селтик Фрост. „Вториот бран“ се појави во раните 1990-ти, предводени од норвешките групи како Мејхем, Бурзум, Дарктрон, Имортал и Емперор. Музиката од раната норвешка блек метал сцена е прерасната во одделен жанр.
Првично сметан за синоним за “сатанистички метал”, блек металот често бил дочекуван со одбивност од преовладувачката култура, во главно заради мизантропските и антихристијанските гледишта на многу од изведувачите. Уште повеќе со тоа што некои од пионерите на жанрот биле поврзани со палежи на цркви и убиства. Поради овие и други причини, блек металот обично се смета за форма на музика надвор од преовладувачките текови. Освен тоа, некои биле поврзувани со нео-нацизам, но сепак повеќето љубители на блек металот и најистакнатите блек метал музичари ја отфрлаат нацистичката идеологија и се противат на нејзиното влијание врз блек метал субкултура.<ref>Black Metal ''"Општо за блек металот"''[http://www.blackmetal.com/cgi-bin/gold/category.cgi?category=newtobm Black Metal Albums]</ref>
 
==Инструментација==