Втора пунска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 10:
Додека се бореле со Ханибал во Италија, Хиспанија и Сицилија, Римјаните воделе и војна против Македонија. Подоцна, војната со Картагина продолжила во Африка, кајшто Картагина била поразена во Битката кај Зама од [[Сципион Африканецот]]. Крајот на војната го означил и крајот на Картагинското царство - нејзината моќ била ограничена само на градот Картагина.
 
[[Image:HannibalFrescoCapitolinec1510.jpg|thumb|305px|right|Војската на Ханибал навлегува во Италија преку Алпите на слонови: настанот преминал во Европските легенди. Детал од фреска околу 1510., [[КапитолнскиКапитолински музеј]], [[Рим]]]]
Во 219. Ханибал Барцид го нападнал Сагунтум во Хиспанија, град сојузник на Рим, што било повод за Втората Пунска војна.
По нападот на Сагантум, Ханибал ги изненадил Римјаните во 218. кога директно ја нападнал Италија. Тој предводел голема платеничка војска, составена главно од [[Гали]], Хиспанци и Нумидијци, и околу 36 афрички слонови преку Алпите. движејќи се од Алпите на север кон Рим на југ ги победил римјаните во неколку битки: кај реката [[Требиа]](218 п.н.е), [[Тразименското Езеро]](217г. п.н.е) и [[Кана]](216г. п.н.е). Ненадениот напад преку Алпите имал двоен ефект: иако ги победил римјаните во неколку битки, поради студот и тесните планински патишта, Ханибал ги загубил слоновите и опсадните оружја, што го оневозможило да го опсади и освои Рим.