Катерина I (Русија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
Една година пред смртта на нејзиниот сопруг, односите помеѓу нив биле заладени главно поради нејзината подршка кон [[Вилијам Монс]], брат на поранешната љубовница на [[Петар Велики]], Ана. Монс имал функција на секретар кај императорката. Петар I во текот на целото негово управување се борел главно против корупцијата во неговата земја, но Катерина имала големо влијание врз него. Вилијам Монс и неговата сестра, која била во дворот на Катерина, започнале да ги злоупотребуваат своите високи функции. Ова го правеле кога се обидувале да осигурат достап на надворешни интереси до Катерина. И покрај тоа што Катерина не сакала ни да помисли на нивните интереси, Петар Велики успеал да го егзекутира на Монс, а неговата сестра била прогонета. Катерина и Петар немале никакви контакти во продолжение на повеќе месеци. Според некои, таа и Монс имале љубовна афера, но за тоа нема тврди докази. По смртта на Петар во [[1725]] година, тој не оставил никаков машки наследник. Катерина започнала да ги претставува интересите на аристократите, кои ја избрале за [[Список на руски владетели|нова императорка]] на Русија.
 
На [[8 февруари]] [[1726]] година бил формиран [[Врховен таен совет]], како орган на советници. Првично, советот имал шест членови за да подоцна неговиот број се зголеми на седум члена. Во текот на овој период, советот имал доминантна улога во управувањето на земјата, на чело со [[Александар Меншиков]], кој бил љубовник на императорката. Како резултат на ова, сенатот забележал драстичен пад во управувањето, иако бил преименуван во ''Голем сенат''. Врховниот совет колективно одлучувал за сите важни работи, а Катерина само ги потпишувала хартиите кои биле испраќани од нив. Врховниот совет ја укинал локалната власт која била воведена од страна на Петар, а ја вратил моќта на гувернерот.
 
Катерина била првата жена која владеела со големата Руска империја. Таа го започнала векот во кој доминирале жените во руското благородништво, заедно со нејзината ќерка [[Елисавета (Русија)|Елисавета]] и внука [[Катерина II (Русија)|Катерина]].