Распад на Советскиот Сојуз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
Првите реформи воведени во текот на ерата на Горбачов иле алкохолната реформата во [[1985]] година, која била дизајнирана за борба против широко распространетиот алкохолизам во Советскиот Сојуз. Цените на [[водка]], [[вино]] и [[пиво]] биле покачени<ref name="jfh124125">Hough, Jerry F. (1997), pp. 124–125</ref>, и нивната продажба била ограничена. На луѓето кои ќе биле фатени пијани на работа или на јавни места им следувало судење. Пијалоците биле забранети на јавни места и на возовите. Сцените од алкохол исто така биле исфрлани од филмовите. Реформите немале значително влијание врз употребата на алкохол во земјата, но тие задале сериозен економски удар за државниот буџет (загуба од околу 100 милијарди рубли според Александар Јаков), потоа производството на алкохол се преселило на црниот пазар<ref name="jfh124125"/>. Алкохолната реформа предизвикала синџир на настани кои завршиле со распаѓањето на Советскиот Сојуз и длабока економска криза во новосоздадената [[Заедница на независни држави]], шест години подоцна.
 
На 1 јули 1985 година Горбачов го промовирал Едвард Шеварднадзе за прв секретар на Грузиската Комунистичка партија како полноправен член на Политбирото, а следниот ден го назначил Шеварднаѕе како министер за надворешни работи како замена на Андреј Гомико кој бил 28 години како министер за надворешни работи и се сметал за "стар мислител". Исто така, на 1 јули, 1985 година Горбачов ја искористил можноста да се ослободи од неговиот главен ривал со отстранување на Григориј Романов од Политбирото, и го донел Борис Елцин и Лев Заиков во Централниот комитет.
 
== Наводи ==