Разлика помеѓу преработките на „Распад на Советскиот Сојуз“

нема опис на уредувањето
(нс)
 
 
Во 1985 година, тој најавил дека на советската економија и е потребна реорганизација. Горбачов набргу сфатил дека решавањето на советската економија ќе биде речиси невозможно без реформа на политичката и социјалната структура на комунистичката земја.<ref>{{cite web|url=http://www.archontology.org/nations/ussr/ussr_state/gorbachev.php|title=Михаил Сергеевич Горбачёв (Mikhail Sergeyevičh Gorbačhëv)|accessdate=April 3, 2009|date=March 27, 2009|publisher=Archontology.org}}</ref>. Реформите најпрвин започнале со кадровските промени. На 23 април 1985 година Горбачов донел два свои штитеници Јегор Лигачев и Николај Ришков во Политбирото како полноправни членови, и разумно ја искористил можноста да се задржи "моќта" промовирајќи го како шеф на КГБ Виктор Чебриков. По ова следувало и именување на министерот за одбрана Сергеј Соколов како претставник на Политбирото.
 
Првите реформи воведени во текот на ерата на Горбачов иле алкохолната реформата во [[1985]] година, која била дизајнирана за борба против широко распространетиот алкохолизам во Советскиот Сојуз. Цените на [[водка]], [[вино]] и [[пиво]] биле покачени<ref name="jfh124125">Hough, Jerry F. (1997), pp. 124–125</ref>, и нивната продажба била ограничена. На луѓето кои ќе биле фатени пијани на работа или на јавни места им следувало судење. Пијалоците биле забранети на јавни места и на возовите. Сцените од алкохол исто така биле исфрлани од филмовите. Реформите немале значително влијание врз употребата на алкохол во земјата, но тие задале сериозен економски удар за државниот буџет (загуба од околу 100 милијарди рубли според Александар Јаков), потоа производството на алкохол се преселило на црниот пазар<ref name="jfh124125"/>. Алкохолната реформа предизвикала синџир на настани кои завршиле со распаѓањето на Советскиот Сојуз и длабока економска криза во новосоздадената [[Заедница на независни држави]], шест години подоцна.
 
== Наводи ==
{{наводи}}