Распад на Советскиот Сојуз: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 19:37, 4 август 2012

1985

Михаил Горбачов бил избран за генерален секретар на Политбирото на 11 март 1985 година, само три часа по смртта на Константин Черненко. По неговото стапување на должност имал 54 години и бил најмладиот член на Политбирото. Примарната цел на Горбачов како генерален секретар била заживување на советската економија по стагнацијата на Брежнев.

Во 1985 година, тој најавил дека на советската економија и е потребна реорганизација. Горбачов набргу сфатил дека решавањето на советската економија ќе биде речиси невозможно без реформа на политичката и социјалната структура на комунистичката земја.[1]. Реформите најпрвин започнале со кадровските промени. На 23 април 1985 година Горбачов донел два свои штитеници Јегор Лигачев и Николај Ришков во Политбирото како полноправни членови, и разумно ја искористил можноста да се задржи "моќта" промовирајќи го како шеф на КГБ Виктор Чебриков. По ова следувало и именување на министерот за одбрана Сергеј Соколов како претставник на Политбирото.

  1. „Михаил Сергеевич Горбачёв (Mikhail Sergeyevičh Gorbačhëv)“. Archontology.org. March 27, 2009. Посетено на April 3, 2009.