Идоли: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Музичар | Name = Идоли | Img = Idoli.jpg | Img_capt = Photo: Goranka Matić | Img_size ...
 
с поправка на правопис
Ред 27:
Првите идеи за формирање Идоли се појавиле во [[1979]] година кога списанието за млади објавило фотографии на бендот наречен „Дечаци“ кои всушност биле фотографии на првата постава на Идоли. Сликите имале духовити забелешки како на пример на [[8 март]] [[1979]], една фотографија била потпишана „Dečaci emancipuju žene“ („Момчињата еманципираат жени“). Во исто време, во [[Белград]] ѕидовите се украсувале со графити најавувајќи го формирањето на бендот. „Margita је dečak“ („Маргита е момче“, првиот графит во Белград посветен на [[Маргита Стефановиќ]] која подоцна станала клавијатуристка на [[Екатерина Велика | Катарина II]]), „Dečaci ne plaču“ („Момчињата не плачат“) или „Srđane budi čovek“ („Срѓан биди човек“) се само неколку примери. Со ова бендот создал медиумска кампања и го добил вниманието на јавноста. Бендот морал да го докаже своето постоење и да започне да свири.
 
ВИС Идоли официјално била формирана на [[1 март]] [[1980]] година кога групата ја имала својата прва проба. Првата постава се состоела од пријателите од основно училиште [[Влада Дивљан]] (гитара, вокал), Зденко Колар (бас), Божо Јовановиќ (тапани) и пријателите на [[Влада Дивљан | Дивљан]] од средно училиште [[Срѓан Шапер] ] (ударни инструменти, вокали) и [[Небојша Крстиќ]] (ударни инструменти). Во тоа време бендот соработуваше со [[Драган Папиќ]], кој беше еден вид медиумски активист. Бендот многу добро манипулирал со медиумите. На пример, тие требало да објават промена на името на бендот во неколку наврати, а нови имиња биле „Apoloni 5“ и „Idoli plus bradonje“ („Идолите плус брадестите“), бидејќи на Колар и Јовановиќ носеле бради.
 
Во [[јуни]] [[1980]] година, бендот го имал своето прво појавување во живо во Белградскиот СКЦ (Студентски културен центар) со водечките [[југословенски]] [[нов бран]] бендови. По еден месец од постоењето,во магазинот наречен „Видици“ бендот го издал нивниот прв сингл кој се состоел од две песни, „Pomoc, pomoc“ („Помош, помош“) и „Retko te viđam sa devojkama“ („Ретко те гледам со девојки“), песна со хомосексуално навестување. Бендот снимил уште една верзија на песната како Б-страна на „Маљчики“ синглот, но овој пат во [[Загреб]] со продуцентот [[Горан Бреговиќ]]. Во 1980 на младинскиот фестивал во [[Суботица]], каде што [[Нов бран музика | нов бран]] бендови од [[Загреб]] и [[Белград]] се состанале за прв пат, тие се појавиле со песната „Zašto su danas devojke ljute?“ („Зошто девојките денес се лути?“) и добиле една од наградите.
Ред 40:
Бендот го започнал снимањето на првиот албум во есента [[1981]] година, со [[Горан Вејвода]] и Душан Михајловиќ Спира кои сакале да бидат асистенти продуценти бидејќи сакале да го продуцираат албумот сами. По краток период Михајловиќ се отакажал и како единствен помошник останал [[Миле Милетиќ]]. На снимањето на албумот биле потрошени повеќе од четиристотини часа, што е рекорд во поранешна Југославија кој сеуште треба да биде урнат. Гости на албумот се [[Беби Дол]] која е придружен вокал на „Одбрана“, Вук Вујачиќ, Горан Грбиќ и Слободан Гроздановиќ кои биле трубачкиот дел на „Senke su drugačije“ („Сенките се поинакви“).Албумот [[Odbrana i poslednji dani]] излегол во почетокот на [[1982]] година. Тој го добило името од книгата на [[Борислав Пекиќ]] со ист наслов на која е заснован и целиот албум. Албумот имал комплексен концепт и се занимавал со антрополошки приод кон Православието. Песната „Poslednji dani“ („последните денови“) првично под наслов „Маршал“, посветена на поранешниот југословенски претседател [[Јосип Броз Тито]], е снимена без последната строфа поради неодобрување од дискографската куќа. Детали од ткаенината на иконата на [[Свети Никола]] се искористени за омотот на албумот, а фонтот кој се користел на албумот бил [[кирилица|кириличен]] сличен на оној што се користи во [[Евангелието на Мирослав]]. Бендот ја добил наградата за најдобар албум и најдобар омот во [[1982]] година. Во [[1986]] година југословенските рок критичари го изгласаа [[Odbrana i poslednji dani]] за најдобар [[југословенски рок]] албум на 20-тиот век.
 
Во јули [[1982]] година, [[Зденко Колар]] заминал да служи воен рок во [[ЈНА]] и негова замена бил басистот на [[Булевар (бенд) | Булевар]] [[Бранко Исаковиќ]]. Бендот започна со снимање на нов албум во [[Лондон]] со продуцентот [[Боб Пејнтр]]. Иако тие го промениле својот стил во поп/рок, [[Čokolada]] била издадена во платинеста верзија а таа воедно била и нивниот најголем комерцијален хит. Имало мал скандал за песната која се сметало дека Душан Герзиќ ја создал за бендот Виа Талас, а Шапер ја презентирал како песна на Идоли. Сепак, Герзиќ бил заслужен ко-автор на „[[Bambina]]“, која била издадена како сингл. За овој албум Дивљан ги напишал само „Radostan dan“ („Радосен ден“), „Vetar i zastave“ („Ветар и застави“) и „Ja sam tu“ („Јас сум тука“) (за која Дивљан додаде стих од песната на [[Мишо Ковач]] „Plakat ce zora“ („Ке„Ќе плаче зората“) напишана од Драго Бритвиќ), бидејќи тој требал да дипломира рударство и геологијата на [[Универзитетот во Белград]]. Во исто време Шапер дипломирал на академијата за филмска режија во Белград. Гости на албумот биле репортерката [[Вивиен Голдман]] и продуцент Боб Пејнтр, кој свиреше на клавијатури. Првобитната идеја била да се издаде двојно ЕП наречено „U gradu bez sna“, но [[Југотон]] одби и објави еден ЛП албум.
 
=== Распад ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Идоли