Руска револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
}}
'''Руската револуција''' ([[руски]]: ''Революция 1917 года в России'') претставува термин за серија од револуции кои се случиле во [[Русија]] во [[1917]] година и кои довеле до укинување на [[руска империја|царскиот режим]] и создавање на [[Советскиот Сојуз]]. Царот бил симнат од власта, а на чело на земјата дошла привремената влада по [[Февруарска револуција|Првата револуција од февруари]] [[1917]] година. Во [[Октомвриска револуција|втората револуција во октомври]], Привремената влада била отстанета а на власт дошле [[Болшевици]]те.
 
== Преглед==
 
Во текот на [[Првата светска војна]], [[Руската империја]] доживела глад и економски колапс. Деморализирана, руската армија се здобила повлекување на голем број на војници од линиите на фронтот. Незадоволство со [[монархија]]та и својата политика на продолжување на војната се зголемила меѓу рускиот народ. Царот [[Николај II]] абдицирал на престолот по [[Февруарската револуција]] во [[1917]] година (или март, во зависност од календарот Види: [[Советски календар]]), предизвикувајќи големи безредија во [[Петроград]] и другите поголеми руски градови. [[Привремена руска влада|Руската Привремената влада]] била основана веднаш по падот на царот од страна на ''Привремената комисија на Државната Дума'' во почетокот на [[март]] [[1917]] година и добила условна поддршка на [[меншевици]]те. На чело на владата застанал принцот [[Григориј Лвов]]. Привремената влада подржувала учество во војната на која одлука болшевиците се спротивставиле. Привремената влада, исто така, ги одложила земјоделските реформи барани од страна на [[болшевици]]те. Поради ова, владата на Лвов паднала, а новата влада била создадена од страна на [[Александар Керенски]]. Нови немири настанале по поразот од [[Германија]] на Русија во војната. По ова, околу 20.000 морнари влегле во престолнината [[Петроград]], барајќи Советите да ја заземат власта.
 
 
[[Категорија:Комунистички револуции]]