Руска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 106:
== 1918 ==
 
Со потпишувањето на [[Брест-Литовски договор|Брест-Литовскиот договор]], [[Русија]] се повлекла од војната а [[Германија]] добила контрола над поголемиот дел од западна Русија. Британците[[Британци]]те и Французите[[Французи]]те ја снабдувале Русија со воени материјали и пари. По потпишувањето на договорот се сметало дека голем дел од оваа помош паднало во рацете на Германија.
 
Во [[пролетта]] на [[1918]] година, меншевиците[[меншевици]]те и социјалистите револуционери се здружиле во вооружената борба против болшевиците. Тие на почетокот биле против војната со болшевиците, но потпишувањето на мировниот договор и воспоставувањето на диктатотските мерки придонело да го променат својот став. Во тоа време тие ја имале најголемата прилика за зазимање на власта бидејќи имале голема популарност и авторитет кое се докажало на изборите во [[1918]] година. Сепак, најголем проблем бил тоа што не поседувале со војска. Раните обиди на социјалистите револуционери да ги регрутираат летонските војници во јули 1918 година биле неуспешни. На нивна среќа, [[Чешка легија|Чешката легија]] им дала подршка.
 
Претходно, [[Чешка легија|Чешката легија]] била дел од руската армија до [[октомври]] [[1917]] година, и броела околу 30.000 војници. Поголемиот број од нив биле поранешни воени затвореници и дезертери од австроунгарскатс војска. Легијата била преименувана во [[Чехословачки армиски корпус]] и се стремила кон продолжување на борбите против Германците[[Германци]]те. Нивните сили ги разоружиле на болшевичките војници во Чељабинск во јуни 1918 година. По еден месец Чешката легија ја зазела [[Транссибирска железница|Транссибирската железница]] и [[Бајкалско Езеро|Бајкалското Езеро]] до планината Урал. Во август бил заземан Екатеринбург.
 
Меншевците и социјалистите го подржувале селското население во намерата на советите да се наложи контрола врз залихите на храна. Во [[мај]] [[1918]] година, со помош на Чешката легија биле заземани [[Самара]] и [[Саратов]].
 
Исто така биле основани конзервативни и националистички влади од страна на Башкирите[[Башкири]]те, Киргизите[[Киргизи]]те и Татарите[[Татари]]те, како и Сибирска привремена влада во [[Омск]]. Во [[септември]] [[1918]] година, сите антисоветски влади се состанале во Уфе и се договориле да основаат нова привремена влада во Омск, на чие чело би застанал Директориум од пет членови: три социјалистички ревлолуционери и два кадети.
 
Новата влада многу бргу паднала под влијание на министерот за војна, [[Александар Колчак]]. На [[18 ноември]] превратот го воспоставил Колчак како дикратор. Членовите на Директориумот биле уапсени, а Колчак бил назначен за Врховен господар на Русија. Самиот Колчак се докажал како неефикасен лидер и политичар, а освен тоа тој не се слагал со лидерите на Чешката легија како најсилна воена формација во реонот.
 
За советите, појавата на Колчак означувала политичка победаа, бидејќи претходните настани нивните противници ги декларирале како антидемократи. Во јули двајца социјалисти револуционери го убиле германскиот амбасадот во [[Москва]] со цел да ја испровоцираат Германија да го обнови непријателството и да започне нов напад. Други пак активисти на оваа партија се обиделе војниците од Црвената армија да ја насочат против болшевиците, но сето ова било неуспешно. [[Ленин]] се извинил на Германија поради убиството. Како одговор на следните два терористички дела од [[30 август]] кога бил убиен шефот на петроградската Чека [[Мојсеј Урицок]] и ранувањето на Ленин, бил покренат т.н. [[Црвен терор]]. Меншевиците и социјалистите-револуционери биле протерани од територијата на болшевиците.
 
== 1919==