Руска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 126:
Лав Троцки наредил на своите сили најпрвин да биде вратена Украина. Ова било остварено во кратката кампања во зимата 1919 година. Козаците не биле во можност да се организираат како во 1917 година. Кога започнала советската контраофанзива во јануари 1919 година на чело со командантот Владимир Антонов, козачките сили многу бргу се распаднале. Црвената армија го зазела Киев на 3 февруари 1919 година, а десет денови подоцна генералот Каледин извршил самоубиство. Ростов бил освоен во март 1918 година. Козачката армија била евакуирана во Кубан, каде се придружила на Кубанските козаци. Генералот Корнилов бил убиен во борбите на 13 април. Командата преминала во рацете на генералот Деникин кој ја искористил можноста повторно да ја организира козачката армија. Во октомври од срцев удар починал генералот Алексеев, а генералот Дениким теоретски станал врховен командант на Белата армија во јужна Русија.
 
Французите своите војски ги повлекле од Одеса на 8 април 1919 година. Додека се водела војната во Украина, Троцки испратил посебна армија против силите на Колчаков. Оваа армија била предводена од страна на Михаил Тухачевски. На чело со Михаил Тухачевски бил вратен градот Екатинбург на 27 јануари 1919 година и продолжила по линијата на Транссибирската железница. Во текот на следните месеци и двете страни имале свои победи и порази за да до средината на летото, Црвената армија стане многу побројна од Белата армија. На 14 ноември 1919 година бил освоен и Омск. Адмиралот ка изгубил својата контрола над својата влада по поразот во Сибир. Белата армија престанала да постои до декември 1919 година.
Французите своите војски ги повлекле од Одеса на 8 април 1919 година.
 
И покрај тоа што Велика Британија ги повлекла своите војски, таа продолжила со својата воена помош на Белата армија во текот на 1919 година. Без нивна помош, Белата армија најверојатно би ја изгубила војната многу порано, главно поради недостаток на оружје. Во летото, кавкаската армија на чело со Врангел нападнала од север. Неговите сили успеале да го освојат Волгоград на 17 јуни 1919 година. Троцки на ова одговорил со голема офанзива на чело со Тухачевски, по кое силите на Врангел се повлекле кон југ препуштајќи го градот на болшевиците.
 
Во текот на летото, Донската армија на Козаците на чело со Петар Краснов ја ападнала Украина. Црвената армија, која била распрснета на сите фронтови била принудена да го отстапи Киев на 2 септември 1919 година. Донската армија продолжила кон север во правец на Воронеж но таму била поразена на 24 октомври. Киев бил повторно заземан на 17 декември а поразените козаци побегнале кон Црно море.
 
== Наводи ==