Абу Мусаб ал Заркави: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Абу Мусаб Ал Заркави''' ([[арапски]]: أبومصعب الزرقاوي‎, {{роден на|20|октомври|1966}} - {{починал на|7|јуни|2006}}) е член на Ал-Каеда и раководител на организацијата во Ирак.
 
Вистинското име на Заркави е ''Ахмед Фазил ал Халајлех''. Лидерот на Ал-Каеда [[Осама бин Ладен]] го назначил за свој заменик во Ирак во [[октомври]] [[2004]] година, по што неговата вооружена група ''Ат Тавхид ва Џихад'' се преименувала во Организација на Ал Каеда за света војна во Ирак.
 
По враќањето од [[Авганистан]], кон почетокот на [[1990]] година Заркави презел насилна кампања за смена на монархијата во [[Јордан]] и за создавање исламска држава. Во [[1996]] година тој бил осуден на 15 години затвор, но три години подоцна бил ослободен со [[амнестија]], прогласена поради крунисувањето на крал Абдула. Во [[2002]] година јорданскиот суд во отсуство го осудил на смрт поради заговор за напад на американски и израелски цели во Јордан. Во [[април]] [[2004]] година бил осуден на нова смртна казна за планирање убиство на американскиот дипломат [[Лоренс Фоли]], убиен во [[Аман]] во [[2002]] година. Во [[декември]] [[2005]] година судот наложил трета смртна пресуда, повторно во отсуство, поради планирање самоубиствени напади на пункт на границата со [[Ирак]].