Сава Петровиќ Његош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
 
Василиј и Сава имале различни погледи за политичкот пат на Црна Гора. Додека, Сава се залагал за соработка со [[Венецијанската република]], тогашниот архимандрит Василија сакал Црна Гора да се поврзе со некоја голема сила и со надворешна помош Црногорците да ја продолжат борбата против [[Османлиската империја]]. Во 1750 година, Василиј во [[Белград]] бил хиротонисан од страна на патријархот Атанасиј, а новиот владика се вратил во [[Црна Гора]]. Василиј успеал да се издигне како главна политичка личност во [[Црна Гора]] и целосно го потиснал Сава кој почнал да игра второстепена улога во општествениот и политичкиот живот на [[Црна Гора]], а оваа подредена положба Сава ја имал се до својата смрт.
 
Додека Василије се наоѓал во Русија, босанскиот везир [[Хаџи Мехмед Паша]] со својата војска дошол во Гацко за да ги казни непокорните Црногорци. Митрополитот Сава, гувернадурот Стано Радоњиќ и останатаите старешини, за да го избегнат османлискиот напад, се согласиле да го платат харачот. Меѓутоа, Василије по враќањето во Црна Гора ги поматил нивните сметки и ги потикнал Црногорците да го отфрлат договорот.
 
== Извори ==