Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 67:
== Битка со Монголите ==
 
Во времето на Бајазит, од исток се појавиле [[Монголци|монголските освојувачи]] на чело со [[Тимур]]. Во почетокот од 15 век, империјата на Тимур се протегала до Ирак, Азербејџан и делови од Кавказ. Во времето кога Бајазит ги освоил Сивас и Малатија, неговата империја се проближила до онаа на Тимур. Често пати вазалите од двете страни барале протекции за своите земји, и во голем дел се смета дека ова било причината за нападот на Тимур. По зазимањето на Сивас, управителот Кара Јулук му дал повод на Тимур да нападне. Во тоа време Бајазит учествувал во опсадата на Константинопол, па во Сивас го пратил својот син Сулејман. Градот паднал пред самиот Сулејман да престигне, и тоа на 26 август 1400 година.
 
МонголитеТака, монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во [[Анадолија]]. До поголема војна дошло на [[28 јули]] [[1402]] година на полето Чибук, блиску денешната престолнина на [[Турција]], [[Анкара]]. Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: [[Иса (син на Бајазит)|Иса]], [[Мехмед I|Мехмед]], [[Муса (син на Бајазит)|Муса]], [[Мустафа (син на Бајазит)|Мустафа]] и [[Сулејман (син на Бајазит)|Сулејман]]. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите [[Стефан Лазаревиќ]] и [[Ѓураѓ Бранковиќ]], кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници.
 
Оваа битка е меѓу најголемите битки во воената историја. Според различни проценки, имало присуство на околу 2.000.000 луѓе. Се наведува дека Тимур имал најмалку 800.000 војници. Веројатно е дека овие бројки се значително претерани во источните извори, а европските извори даваат многу пониски бројки: 250-350 000 војници и 32 воени слонови на Тимур и 120-200.000 војници на султанот Бајазит I.Местото на битката, градот Ангора, не бил случајност: тука се вкрстувале сите патишта на Анадолија.