Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 47:
Во текот на следната 1396 година, ривалството меѓу ингарските и османлиските сили го достигнал својот врв. Кралот во продолжение на неколку години барал сојузници на запад, а од друга страна пак истото го прави и византискиот император за да ја спаси престолнината Константинопол. На 1 март 1396 година, кон т.н. христијански сојуз се приклучиле Венецијанската република<ref name=Tuchman548>Tuchman, 548</ref>, а во следните месеци истото го направиле и Франција, Англија, Бургундија и Бохемија/
 
==== Никопол====
 
Во [[1396]] огромната османлиска војска под команда на Бајазит I ја повторила опсадата на византиската престолнина [[Константинопол]]. Градот бил заштитен со цврсти ѕидови, но гарнизонот кој го заштитувал бил слаб. Веста за опсадата на Константинопол од страна на Турците предизвикала реакција во [[Европа]]. Кралот на Унгарија и на Чешка, Сигизмунд, со помош на [[Папа Бонифациј IX]] во [[1396]] организирал крстоносна војна против Османлиите.
Ред 54:
 
Соочени со добро утврдените [[јаничари]] во ридиштата, француските витези, изморени од нападот, не можеле да ги пробијат на нивните позиции. Турците масакрирале илјадници француски крстоносци, а другите морале да се предадат во надеж дека ќе ја избегнат со тоа неминовна смрт. Целосниот пораз на кралот на Унгарија и Чешка во [[Битка кај Никопол|битката кај Никопол]], им овозможило на отоманските Турци, без никакво противдејство на унгарските војници да ја покорат горна [[Босна]]. Таа станала еден вид на отскочна штица од која многу пати се правеле напади во Европа од турската војска.
 
По крајот на битката и големата победа на Бајазит, султанот наредил егзекуција на сите заробени војници со исклучок на оние кои се помлади од 20 години.
 
== Битка со Монголите ==