Кукавицовидни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
== Еволуција ==
 
[[Фосил]]ниот запис за оваа [[група]] птици е предмет на голем интерес. Единствената анатомија на ''Cuculidae'' (според традиционалната класификација) често овозможува лесна идентификација дури и на изолирани коски. Предисториските родови на кукавицовидни птици се познати од горниот [[еоцен]], од пред околу 40-35 милиони години. Фосилите на тураките се среќаваат во многу подоцнежните слоеви.
 
Одреден број на други [[палеоген]]ски фосили понекогаш се припишувале на овој ред, но тие повеќе не се вклучени овде во поскорешните систематики: горнопалеоценските до средноеоценските претставници од фамилијата ''[[Gracilitarsidae]]'' најпрво се сметале за кукавицовидни птици, но ова тврдење денес не е целосно прифатено. Сепак, тие остануваат мистериозни како резултат на нивната [[Апоморфија|апоморфна]] анатомија и би можеле да се блиски со исто така енигматичните видови од фамилијата ''[[Sylphornithidae]]'', познати од среден еоцен до долен [[олигоцен]]. Од долниот еоцен познати се родовите ''[[Parvicuculus]]'' и ''[[Procuculus]]''. Родот ''[[Foro]]'' веројатно е сродник на хоацинот; се смета за "алка што недостасува" меѓу оваа птица и редот ''Cuculiformes'', но како што е погоре наведено, многу е тешко хоацинот да се сврзе со било која современа птица.