Јасеновац (логор): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
Системот на Концентрациони логори Јасеновац го дизајнирал Вјекослав Макс Лубуриќ додека бил во егзил. Бил и негов прв командант. Прв директор на логорот бил бившиот свештеник Мирослав Мајсторовиќ, а покасно Динко Шакиќ.
 
Логорот е граден од август 1941 до фебруар 1942 година. Поголем дел од логорот се наоѓал во местото Јасеновац, околу 100 километри југоисточно од Загреб. Логорите 1 и 2 бил во селата Брочици и Крапје, али брзо се расформирани poради честите поплави. Затворениците се префрлени во логорот Циглана (Јасеновац 3), кој бил најголем логор и вклучувал и крематориум. Во Долна Градина од другата страна на [[Савa]] се вршени егзекуции. Логорот за деца бил во [[Сисак]], а женскиот логор во Стара Градишка на југоистокот од Јасеновац, иако жени и деца имало и во Јасеновац.
 
Бројот на жртвите никогаш не е точно утврден. Логорската архива е на два пати уништувана (почетокот на 1943 и април 1945 година). Државната комисија на Хрватскеа[[Хрватска]] констатирала во извештајот на Меѓународниот воен суд во [[Нирнберг]], дека бројот на жртвите е помеѓу 500.000 и 600.000. За ѕверствата на усташките касапи постои голема документација. Меѓутоа властите во бившата [[СФРЈ]] никогаш не дозволиле истата да се истражи, па дури ни во најтајните форми. Најверојатно од страв да не би се избришала одредницата [[усташ]] = [[четник]]. Жртвите на логорот биле скоро исклучиво [[Срби]], [[Евреи]] и [[Роми]],а и значителен број на [[Македонци]].
 
На ден 9. октомври 1942 година Лубуриќ Вјекослав т.н. "Макс" бил на свеченоста во Јасеновац, кој ја приредил како прослава на годишницата на своето крваво владеење и во својот одржан говор рекол: "..и така ние во оваа година овде во Јасеновац сме ви испозаклале и повеќе луѓе него османлиското царство за цело време на престојот на турците во [[Европа]]".