Ева Лонгорија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
 
'''Ева Жаклин Лонгорија Паркер''' ([[Англиски јазик|англиски:]] ''Eva Jacqueline Longoria Parker''), родена на [[15_март|15 Март]], [[1975]] е [[САД|американска]] [[филм|филмска]] и [[Телевизија|телевизиска]] [[актерка]]. Таа ја игра улогата на ''Габриел Солис'' во серијата на [[Телевизија|телевизијата]] [[ABC]] - '''[[Очајни домаќинки|„Очајни домаќинки“]]'''. Позната е и на интернационално ниво како [[модел]], појавувјќи се на насловните страници на бројни машки [[Списание|списанија]]. Лонгорија е исто така позната и по нејзината врска со [[кошарка|кошаркарската]] [[НБА]] ѕвезда, [[Плејмејкер|плејмејкерот]] [[Тони Паркер]] со кого се омажи во [[2007]] година.
 
== Биографија ==
=== Младост и семејство ===
Ева Лонгорија (полно име: ''Ева Жаклин Лонгорија''), родена во [[Корпус Кристи]], [[Тексас]] е ќерќа на мексиканско-американско [[Католици|католичко]] [[Семејство|семејство]]. Нејзините родители се Енрике Лонгорија Џуниор (роден во [[Брукс Каунти]], [[Тексас]]) и Ела Ева Миралес. Ева потекнува од [[Мексико|Јужно-мексиканските краеви]], нејзините предци имигрирале во [[САД]]. Таа има три постари сестри: Елизабет Јудина, Емили Џенет и Есмералда Џосефина. Нејзиното семејство живеело и работело на мала фарма која ја наследиле од претходните генерации, и често имало финансиски проблеми. Ева им покажа на гледачите со какви тешкотии се соочувала кога растела во сиромашни услови во ''[[Опра Винфри|„Шоуто на Опра Винфри“]]'' во [[2006]]: таа однесе камери на локацијата на нејзината семејна фарма и покажа како тие живееле. Лонгорија призна дека семејството закрепнало финансиски кога таа се вклучила во [[шоу|шоу бизнисот]].
 
Во едно интервју за [[Списание|списанието]] „Стоун Филипс“ (Stone Phillips) Лонгорија откри дека нејзините роднини ја нарекувале 'la prieta fea' што значи „грдата“. Основно училиште завршила во Marvin P. Baker Middle School. Средното училиште го завршила во Roy Miller High School, а титулата инженер за кинезиологија ја стекнала на Универзитетот ''Texas A&M University-Kingsville''. Во текот на тој период ја стекна титулата ''Мис Корпус Кристи, [[САД]]'' во [[1998]]. По завршувањето на колеџот, Лонгорија учествуваше на талент-натпревар која ја однесе во [[Лос Анџелес]], [[Калифорнија]]. Кратко време потоа, беше забележана од „ловец на таленти“ (агент), по што нејзината кариера се движеше по нагорна линија. Денес, некои од нејзините роднини сеуште живеат во [[Корпус Кристи]] и таа сеуште се враќа дома да ги посети.