Разлика помеѓу преработките на „Народна банка на Македонија“

нема опис на уредувањето
}}
 
'''Народна банка на Република Македонија''' (''НБРМ'') е [[централна банка]], емисиона [[банка]] на [[Македонија]]<ref>''Кики Мангова - Поњавиќ, Ванчо Каргов, ''60 години централно банкарство во Република Македонија'', Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006.''</ref>. Формирана е на [[19 октомври]] [[1946]] година преку спојување на [[Македонска стопанска банка]] со Народна банка - филијала [[Скопје]]. Прв главен директор на банката бил д-р [[Тодор Мировски]]. Од почетокот на [[1947]] г. го носела називот НБ ФНРЈ - Централа за Народна Република Македонија со [[Александар Богоев]] како главен директор. Меѓу [[1947]] и [[1953]] г., НБ ФНРЈ - Централа за НРМ била единствена банка во Македонија и истовремено работела како емисиона и деловна банка, т.е. извршувала централно банкарски работи, работи за републичкиот [[буџет]], како и универзални банкарски работи. Во периодот [[1954]]-[[1965]] г., таа постепено ги напуштила универзалните банкарски работи и се насочила кон централнобанкарските активности и регулирањето и контролата на банкарскиот систем. Исто така, во овој период, биле укинати нејзините филијалитефилијали, а банката го променила називот во Народна банка на [[Југославија]] - Централа во Скопје. Во текот на [[1965]]-[[1971]] г., централата на НБЈ во Скопје немала никаква улога во водењето на монетарно-кредитната политика, туку вршела само работи кои имаат извршен и оперативен карактер. Во декември [[1971]] г. бил донесен првиот Закон за Народна банка на Македонија, со кој таа била дефинирана како [[устав]]на категорија, а за прв гувернер бил именуван [[Стојан Ќосев]]. Сепак, Народна банка на Македонија и понатаму била во многу подредена положба во однос нa [[Народната банка на Југославија]] и имала многу ограничена улога во формулирањето и водењето на [[монетарната политика]].
 
==НБРМ по осамостојувањето на Македонија==
[[Податотека:National bank of Macedonia.jpg|мини|десно|250п|Зградата на Народната банка на РМ]]
[[Уставот на Република Македонија]] од [[1991]] година ја определи НБРМ како емисиона банка, самостојна и одговорна за стабилноста на домашната [[валута]], водењето на монетарната политика и општата [[ликвидност]] за плаќањето во земјата и странство. На [[26 април]] [[1992]] г., Собранието го донесе Законот за Народна банка на Република Македонија како прв законски акт со кој се уредува работењето на централната банка по осамостојувањето на Македонија. Во овој период, функцијата гувернер ја извршуваше м-р [[Борко Станоевски]], кој поднесе оставка во [[1997]] год. поради големиот [[Афера ТАТ|финансиски скандал со штедилницата ТАТ]]. На местото гувернер, него го наследи д-р [[Љубе Трпески]], кој оваа функција ја извршуваше до [[2004]] год. Оттогаш, функцијатаФинкцијата гувернер јаво извршувапериодот 2004 - 2011 га извршуваше м-р [[Петар Гошев, а од мај 2011 ја извршува [[Димитар Богов]].
 
Најголем пресврт во развојот на НБРМ по [[монетарното осамостојување на Македонија]] е направен со донесувањето на новиот Закон за НБРМ од јануари [[2002]] г. со кој се зголемени сите аспекти на независноста во нејзиното работење (институционална, персонална, функционална и финансиска независност). Денес, НБРМ е модерна централна банка која не работи со нефинансиски правни лица, не го финансира јавниот сектор и самостојно ја формулира и остварува монетарната политика, при што, како нејзина основна цел, утврдена со Законот за НБРМ е одржувањето на ценовната стабилност. НБРМ е членка на [[Банката за меѓународни порамнувања]] (''BIS - Bank for International Settlements''), со седиште во [[Базел]], [[Швајцарија]].
 
==Органи на управување==
 
Со централната банка управува Советот на НБРМ. Членови на Советот на НБРМ се гувернерот (кој е претседавач на Советот), тројцата вице-гувернери и пет надворешни членови. Членови на Советот може да бидат лица кои имаат познавања од областа на економијата, финансиите и правото. Во Советот не може да членуваат лица кои се наоѓаат во управните органи на банките или [[штедилници]]те. Гувернерот и надворешните членови на Советот ги именува Собранието на Република Македониај на предлог на претседателот на државата, а вице-гувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот, при што сите имаат мандат од седум години. Советот на НБРМ одржува најмалку десет седници годишно и одлуките ги носи со просто мнозинство, со исклучок на оние за кои е потребно квалификувано мнозинство. Советот ја носи одлуката за целите на монетарната политика, ги донесува мерките за реализирање на монетарната политика, ги донесува финансискиот план, планот на [[инвестиции]] и годишната сметка на НБРМ, го донесува статутот на НБРМ, ги усвојува извештаите на НБРМ (годишниот извештај, полугодишните и кварталните извештаи, извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија, извештајот за финансиската стабилност, извештајот за управувањето со [[девизните резерви]] итн.). Гувернерот го рганизира и раководи со секојдневното работење на НБРМ, ја претставува НБРМ и носи разни решенија што се однесуваат на материјално-фианнсиското работење на НБРМ, како и решенија кои се однесуваат на работењето на банките и штедилниците. На гувернерот во работата му помагаат тројца вице-гувернери.
Анонимен корисник