Хаџи Димитар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
 
На 9 јули во Канладере, во околината на Вишовград, на неколку километри на југ-југоисток од Далгидол, се разврзала крвава борба во која четата била разбиена. Стефан Караџа бил ранет и заробен. Под раководство на Хаџи Димитар останатите 58 души продолжуваат кон Балканот. Денес во месноста Канладере (''"крвава река"'' на турски), има споменик и фонтана, посветени на загинатите четници. Локалното население организира прослава на четвртата битка околу 21 јули (9 јули стар стил).
 
На 18 јули 1868 година во врвот Бузлуджа во Шипченска планина се разврзала последната борба на четата. Во оваа битка е тешко повреден самиот Хаџи Димитар. Бил одвлечен од тројца четници и за три деноноќија е однесен на врвот Кадрафил во Срнена средна гора, во близина на денешното село Свежен. И покрај грижата на локалните овчари, Хаџи Димитар умрел од повредите околу 29 јули/10 август 1868 година. Погребан е на истото место <ref>[Историята-далечна и близка,Пламен Павлов,изд.АБАГАР,В.Търново,2010,стр.156.]</ref>. 12 години подоцна, воноември 1880, коските се повторно закопани свечено во дворот на Црквата ''"Св.Петар и Павле"'' во село Свежен од Пловдивски Викарен Владиката Гервасиј Левкијски (подоцна Митрополитот Сливенскиот).
 
== Извори ==