Блаже Ристовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 52:
== Објавени научни дела ==
 
Како истражувач на македонската литературна, јазична и национална историја и на фолклорот во Македонија, објавил повеќе книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 800 статии и други прилози во разни зборници и списанија во земјата и во странство. Научнистражувач ките интереси му се движат во неколку тематски релации и ги зафаќаат спецификите на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла и акција до нејзината конечна афирмација, историјата на македонскиот писмен и литературен јазик, литературната историја и фолклорот. Посебно ги истра- жува и ги афирмира националните дејци од 19 и 20 век.: [[Крсте П. Мисирков]], [[Димитрија Чуповски|Димитрија Д. Чуповски]], [[Наце Димов|Наце Д. Димов]], [[Ѓорѓија Пулевски|Ѓорѓија М. Пулевски]], [[Петар Драганов|Петар Д. Драганов]], [[Марко Цепенков]], [[Кочо Рацин]], [[Васил Икономов]], [[Никола Вапцаров]], [[Тодор Чопов]] и др.
 
Во неговите трудови донесе нова документарна фактографија и научна аргументација и со аналитички и критички пристап кон изворите и литературата претстави на научната јавност низа пројави, настани и
Ред 88:
* „Историја на македонската нација“ (1999)
* „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, (2009)
 
== Мисли ==
: ''„Вистина, основната маса на денешниот македонски народ се Словените што дошле на овој дел од Балканскиот Полуостров главно во VI и на почетокот на VII век, но и покрај сите погроми тие не го нашле овој простор наполно испустен: апсорбирајќи делови од затечените народи (антички Македонци, Илири, Траки, Грци, Римјани, прадедовците на денешните Албанци и Власи и др.) Словените ја апсорбирале и нивната култура и при тоа смешување постепено се создавал народ со претежно словенски етнички елементи, со словенски јазик и словенско-византиска култура. ...Во историјата на македонскиот народ несомнено важна улога имал словенскиот карактер на основниот етник, но не може и не треба да се превиди ни значењето на античките Македонци што посредно му дадоа на овој народ територија, име и крв. Ако историјата на турно-монголските Бугари се прима како неразделен дел од историјата на современиот бугарски народ, зошто Македонците да не го почитуваат минатото и славата на својата земја, на своето име и на дел од својата крв? Зашто, како што вели Д.Македонски во 1871 г. „не зинала земјата па да ги голтне“ тие стари Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ.“'' <ref>Б. Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација. II. 22 и 32, Скопје 1983</ref>