Цистерна Базилика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
 
Една од главните функции на оваа цистерна била снабдувње на градот со вода доколку истиот се најде под некаква [[опсада на Константинопол|опсада]]. Таа првично била изградена во времето на [[Константин Велики]], за да истата биде проширена од страна на [[Јустинијан I]] по [[Бунт Ника|немирите во Ника]] во [[532]] година. Цистерната директно водела кон [[Големата палата во Константинопол|големата императорска палата]]. Историски текстови тврдат дека 7.000 робови биле вклучени во изградбата на цистерна<ref>http://www.yerebatan.com/english/index.html</ref>.
 
Цистерната е долга 138 метри, широка 65 метри<ref>http://www.ibb.gov.tr/sites/ks/en-US/1-Places-To-Go/museum/Pages/basilica-cistern.aspx</ref> и зазема површина од 9.800 m² со способност да држи 80.000 кубни метри вода. Таванот виси над 336 мермерни столбови, од кои секој е висок по 9 метри и се наредени во 12 редови со реатојание од 5 метри меѓу нив. Главниот архитектонски стил на столбовите е јонскиот и коринтскиот, со исклучок на некои кои наликуваат на дорски стил. Една колона наликува на триумфалната порта на Теодосиј (''види: [[Форум на Теодосиј]]'') од 4 век. Античките текстови укажуваат дека солзите кои течат од столбот оддаваат почит на робовите кои починале за време на изградбата на базиликата цистерна. Поголемиот дел од столбовите се смета дека биле рециклирани од урнатините на стари градби од различни делови од империјата, заедно со оние кои биле користени за изградба на катедралата Света Софија. Овие столбови биле изработени од различни видови на мермер и гранит<ref>http://www.yerebatan.com/english/index.html</ref> .
 
Во времето кога [[Османлии|Османлиите]] го освоиле градот, таа продолжила со својата намена, пренасочувајќи го својот тек кон [[Топкапи сарај]]. Во текот на својата историја, цистерната на неколку пати била реновирана. Од 9 септември 1987 година, објектот е отворен за посетителите.