Клеточно јадро: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
викификација |
||
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:biological cell.svg|мини|350п|Шематски приказ на типична животинска клетка. [[Органели]]: (1) [[јадренце]] (2) '''јадро''' (3) [[рибозом]] (4) [[визикула]] (5) грануларен [[ендоплазматичен ретикулум]] (ER) (6) [[Голџиев систем]] (7) [[цитоскелет]] (8) мазен [[ендоплазматичен ретикулум]] (9) [[митохондрии]] (10) [[вакуола]] (11) [[цитоплазма]] (12) [[лизозом]] (13) [[центриола|центриоли]]]]
Само [[Еукариота|еукариотските]] [[Клетка|клетки]] имаат [[Морфологија|морфолошки]] диференцирано '''јадро'''. Тоа е неопходна компонента на клетката, бидејќи содржи [[наследен материјал]].
Јадрото е основна компонента на клетката. Тоа е една од најзабележителните структури во еукариотската клетка. Во јадрото се извршуваат најсуштинските процеси поврзани со размножувањето и наследството. Повеќето клетки имаат по едно јадро. Исклучок од ова се [[Дикарион|клетките со две јадра]] на некои [[габи]], [[праживотни]], како и [[Хепатоцит|клетките на црниот дроб]] или оние со повеќе јадра (клетките на напречно-пругастите [[мускул]]и). Меѓутоа, постојат и клетки без јадро (како [[еритроцит]]ите и ситестите клетки на [[Спроводно ткиво|спроводното ткиво]] кај растенијата). Тие го губат своето јадро во определен делбен стадиум од развитокот и стануваат безјадрени клетки. Јадрото најчесто има топчест облик, а големината обично е пропорционална со големината на клетката. Доколку од една клетка се извади јадрото, таа по одредено време ќе престане да функционира, но доколку на местото на тоа јадро се стави јадро од друга клетка, клетката ќе продолжи да функционира, меѓутоа со особини на клетката од која е извадено јадрото. Кај секое јадро се разликуваат:
* [[јадрена обвивка]] (или мембрана). Изградена е од две [[липопротеин]]ски мембрани. Надворешната мембрана на одделни места преминува во [[Ендоплазматичен ретикулум|ендоплазматичниот ретикулум]], а внатрешната мембрана е вистинска јадрена мембрана. Карактеристично за мембраната е тоа што на нејзината површина постојат пори преку кои се остварува размената на информации меѓу јадрото и [[цитоплазма]]та.
* [[јадрена плазма]] - внатрешноста на јадрото во која се наоѓаат [[хроматин]]от, [[Јадренце|јадренцата]] и [[рибозом]]ите.
{{биологија-никулец}}
|