Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{Инфокутија за Македонски Архиепоскоп|
English name = [[Податотека:Macedonian cross.svg|left|40px]] Михаил [[Податотека:Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png|right|40px]] |
Ред 17 ⟶ 16:
 
'''Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил''' ({{роден во|Ново Село (Штипско)}}, {{роден на|||1912}} - {{починал на|6|јули|1999}}) бил четвртиот архиепископ на [[МПЦ|Македонската православна црква]] по нејзиното обновување. Михаил бил свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, и останал запаметен по прекрасните беседи. Тој е единствениот диховник на кој му било понудено местото [[претседател на Република Македонија]]. Архиепископот Михаил за поглавар на [[Македонската православна црква]] беше избран на [[4 декември]] [[1993]] година.
 
== Рани години ==
 
Г.Г. Михаил е роден е во [[Ново Село]], [[Штипско]], во [[1912]] година, како Методи Гогов. По завршувањето на основното образование, тој во [[1927]] година се запишал Богословија во [[Битола]]. Во [[1932]] година заминал на студии во [[Белград]] на Богословскиот факултет. По завршувањрто на студиите во [[1936]] година, станал парохиски свештеник во [[Црква „Св. Никола“ - Ново Село|црквата Св. Никола]]. За време на [[Втората светска војна]], Михаил бил учесник во [[НОВ|Народноослободителната војна]], а при крајот на војната бил член на [[АСНОМ]]. Учествувал и во организирањето на [[Прв македонски црковно-народен собор|Првиот црковно-народен собир]] во Скопје на почетокот од [[март]] [[1945]] година, на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мирски лица.
 
== Период по војната ==
Архиепископот Михаил бил и долгогодишен професор и декан на [[Православниот богословски факултет во Скопје]]. За време на неговото архиепископствување се направија потребните измени и дополнувања на [[Уставот на Македонската православна црква]], статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и правни норми. Во тој период се збогати издавачката дејност во [[Македонската православна црква]] и беа отпечатени богослужбени изданија и повеќе книги со богословска содржина, преводи и оригинални творби.
 
Михаил се залагал за самостојност на [[МПЦ]], па во два наврати одлежал над шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт заради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. Во [[1948]] година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во [[Скопје]].
Особено ќе остане запаметено неговото време по прекрасните беседи на даровитиот црковен оратор и мудар старец, кој со својата желба да биде што поприсутен меѓу својот народ, постојано беше во движење. Тој беше чест посетител, ревносен богослужител, пријатен соговорник и човек со израз на внимание он секого. Неговото присуство во електронските и печатените медиуми во Македонија и во странство направи Црквата да излезе од гетоизираноста што и ја наметна поранешниот период. Тој продонесе за афирмација на Македонската православна црква.
 
== Види исто така ==