Протогеровисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
По ваквите гаранции од [[Иван Михајлов]], Шанданов преку жената на Панчо и генералот Ќуркчиев успеал да стапи во контакт со обвинетиот од страна на ВМРО, при што од генералот постојано се нагласувало дека евентуалното убиство би предизвикало негативен ефект кај [[Македонска емиграција во Бугарија|македонската емиграција]], кај која Панчо Михајлов уживал голем авторитет. По сите овие разговори, Панчо Михајлов се предал на организациските власти и по судењето навистина бил ослободен, поради заслугите во минатото по однос на Македонија, при што пресудата била исклучување од редовите на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на неодредено време. По сите овие случувања Панчо Михајлов еден ден му се заблагодарил на Шанданов и му напоменал дека заради егзистенцијални причини сакал да почне со работа како сметководител во фабриката за шеќер во [[Горна Ораховица]].
 
Меѓутоа набрзо на [[15 јуни]] [[1925]] година во [[Софија]] бил убиен Панчо Михајлов - Чавдар. Неговото мртво тело лично го видел и [[Петар Шанданов]], кој по настанот бил информиран од свои блиски луѓе дека убиството лично го наредил [[Иван Михајлов]] и покрај ветувањето и ослободителната пресуда.
 
Ова убиство уште повеќе ги продлабочило спротивностите во редовите на [[ВМРО (појаснување)|ВМРО]] и претставувало вовед во настаните што подоцна довеле до целосен раскол и крвопролевања во организациските редови. Иван Михајлов речиси сите свои изречени смртни пресуди ги оправдувал со наводната поврзаност на убиените со комунистите и федералистите, што од страна на ВМРО биле сметани за нејзини најголеми непријатели. Токму и обвинението врз Панчо Михајлов било дека сакал да побегне во [[Виена]] и да влезе во сојуз со федералистите и комунистите и [[Димитар Влахов]].
 
== Извори ==