Јадранка Владова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{Инфокутија за личност |
име= Јадранка Владова|
Ред 5 ⟶ 4:
опис=писател|
наставка= |
роден-дата= {{роден на|20.04.|април|1956}}|
роден-место= {{роден во|Скопје}}, {{МКД}}|
починал-дата= {{починат на|11.12.|декември|2004}}|
починал-место={{починат во|Скопје}}|
}}
'''Јадранка Владова''' била македонска универизтетска професорка, писателка, критичарка, антологичарка, преведувачка и учебникар.<ref>{{цитирана книга|last=Милан Ѓурчинов|title=Folklore impulses in Macedonian literature and art of the 20th century|publisher=Македонска Академија на Науките и Уметностите|date=1999}}</ref>
'''Јадранка Владова''' е современ [[Македонци|македонски]] [[писател за деца]] и возрасни. Била професорка на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на предметите Светска книжевност и Литература за деца, како и асистент по предметот Теорија на литературата. Била писателка, преведувачка, есеистка, учебникарка, уредничка на списанија, голем број прирачници, проекти, образовни помагала, авторка е на Македонско-чешкиот речник. Авторка е на две книги раскази за возрасни, а нејзиниот првенец е „Скарбо во мојот дворри 1986, за кој критиката се произнесе дека е „една од естетски најуспешните збирки раскази во македонската женска проза“ и „Воден знак“ 1990. Авторка е на четири романи за деца („Измислување на светот или Ликијада“, „Мојот пријател А“, „Девојчето со две имиња“ и „Гледалото зад огледалото“ (кои се и лектирни наслови), учебници по македонски јазик за петто, шесто, седмо одделение во основните училишта, за прв клас во средното образование, повеќе прирачници („Основи на демократијата“, „Пристап кон лирската песна за основното оброзование...), научно-истражувачки трудови, критика и есеистика „Волшебноста на зборот“, „Читање на светската книжевност“ (нејзината последна објавена книга составена од академски студии за Лаура Ескивел, за Гинтер Грас и други автори), како и стотици текстови во различните издавачки продукции.
 
==Биографија==
Јадранка Владова е автор и на романот за возрасни „Исток-запад“ (2002) кој има важно место во романескната продукција од Македонија, и кој според критиката се истакнува со „својата оригиналнност, свежина и невообичаеност“. Преведувала од и на српски, од хрватски и од бугарски јазик. Ги превела на македонски Ј. Радичков („Ние врапчињата“), В. Бајац ("Друидот од Синдидун“), Б. Билетиќ. Во незавршена форма останал романот „Мојот вдовец“.
 
Владова е родена во [[Скопје]] на [[20 април]] [[1956]] година. На [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет во Скопје]] ги предавала предметите ''Светска литератураи Литература за деца''. Автор е на следните книги: Скарбо во мојот двор, (1986); Воден знак, (1990); Измислување на светот, (1991); Мојот пријател А. (1992); Девојчето со две имиња (1993 и 2001); Волшебноста на зборот (1994); Гледалото зад огледалото (1999); Деца како мене (во коавторство со фотографот Владимир Тодоров), 2000 (Македонска верзија на изданието на UNICEF – Children just like me); Куќа, (2001); Учебник по македонски јазик за I година гимназија (ПЕКСНАС), 1997;Македонско-чешки речник (со група чешки соработници), 1998;Основи на демократијата за I одделение (2000); Пристап кон лирската песна за основното образование (2000); Читанка за петто одделение (2001); Македонски јазик и литература за петто одделение (2001); Македонски јазик и литература за шесто одделение (2001);Детска литература (2001); Mein Freund A., 2001 (превод на германски: Барбара Утевска и Ана Корженска) Преводи: Борис Билетиќ: Машки врисок (превод од хрватски јазик), 1987; Ристо Јачев: Заточеник на мракот (препев на српски јазик), 1996; Јордан Радичков: Ние, врапчињата (превод од бугарски јазик), 2000 и 2001.
 
Починала во [[Скопје]] на [[11 декември]] [[2004]] година.
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Никулец за биографија}}
{{DEFAULTSORT:Владова, Јадранка}}
[[Категорија:Македонски писатели]]