Христо Андонов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: en:Hristo Andonov
Ред 15:
Андонов е роден во гевгелиското село [[Грчиште]] во 1887 година. Влегува во [[ВМОРО]], но е прогонуван од страна на властите и бега во [[Бугарија]]. При избувнувањето на [[Првата балканска војна]], Андонов е доброволец во [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]] и служи во четата на Ичко Димитров, подоцна во четата на Коста Христов Попето и во 4 чета при 15-та штипска дружина <ref>„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40.</ref>.
 
По завршувањето на [[Првата светска војна]] се вклучува во обновата на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] и станува четник во струмичката чета. Во април 1923 година станува дојрански околиски војвода на ВМРО. Четата развива голема дејност и успева да организира околијата. Во август околијата е доверена на Петар Овчаров, а од јули 1924 година повторно е преземана од Андонов. Во ноември 1924 година се бори во месноста Борисовско во [[Беласица]] <ref>Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 136.</ref><ref>Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 15.</ref> .
 
Во 1924 година учествува како делегат на Солунскиот окружен конгрес на ВМРО и е избран за резерви член на Окружниот комитет <ref>Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 27, 87 - 91.</ref>. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов и Петар Ангелов <ref>Спомени на Георги Попхристов [http://www.promacedonia.org/gph/gph_43.html]</ref>. Во 1928 година е делегат на [[VII Конгрес - с. Крупник|Седмиот конгрес на ВМРО]].