Киевско-печерска лавра: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 181:
 
Според усторичарите по уметност, оваа црква вовела некои структурни иновации во архитектурата на Киевска Рус. По смртта на Владимир II, црквата била користена од неговото семејство. Црквата била оштетена во 1240 од страна на Монголите, и повторно во 1482. До 17 век, црквата стоела во урнатини. Кон средината на 17 век, црквата била повторно подигната, разликувајќи се од претходната. Таа се одликува од прекрасните фрески во нејзиниот внатрешен дел, кои биле насликани од страна на грчки мајстори. Во 1751 година, внатрешноста на црквата била реновирена, и повторно во 1813-1814 година.
 
=== Институции===
==== Музеј на историските вредности ====
 
[[Музеј на историските вредности на Украина|Музејот на историските вредности на Украина]] е еден од водечките музеи во [[Украина]] и светот, кој се состои од историски и уметнички вредности од благородни метали и скапоцени камења. Музејот е гранка на Националниот историски музеј на Украина и за јавноста за прв пати бил отворен на [[7 јануари]] [[1969]] година.
 
Музејот се наоѓа во комплексот Киево-печерска лавра. Денеска тој се состои од околу 56.000 артефакти од археолошко, културно и историско значење. Најстарите предмети датираат од 4 век п.н.е.
 
== Погреби ==