Евангелие според Филип: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Иако ова евангелие на прв поглед изгледа слично на [[Евангелие според Тома|Евангелието според Тома]], тоа не содржи евангелски изреки, туку колекција од гностички учења или тајни, како на пример тајната на [[брак]]от, како една од главните теми на текстот. Текстот е најпознат по тоа што цитира дека [[Исус]] бил наводно оженет со [[Марија Магдалена]]. Иако тоа не е наведено во самиот документ, сепак таа е опишана како љубовница на Исус. На многу сличен начин како според Јован 19:25-26, Евангелието по Филип ја претставува Марија Магдалена како негов придружник:
<blockquote>Имаше три жени кои секогаш одеа со Господарот: Марија, неговата мајка, [[Марија Клопас|нејзината сестра]] и Марија Магдалена која ја сметаше како негов придружник. Сите три се викаа со исто име - Марија.<ref name="grant" /></blockquote>
Друга „иритација“ и наклонетост на љубов била укажана од страна на Исус кон Марија Магдалена (текстот е лошо фрагментиран, се смета дека текстовите во голема заграда биле додадени):
<blockquote>И придружникот на [спасителот беше Мар]ија Ма[гда]лена. [Христа ја сакаше] М[арија] повеќе од [сите] други уче[ници], и [често] ја бакнуваше на [устата]. Останатиот дел од [учениците беа навредени од тоа и тоа не го одобруваа]. Тие му рекоа на него: „Зошто ја сакаш повеќе од сите нас?“ Спасителот одговори и им рече: „Зошто, јас не ве сакам како неа?“<ref name="grant"/></blockquote>
 
 
== Наводи ==