Свети тајни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 78:
 
== Свештенство ==
Бракот во христијанството е [[Света тајна]] во која младоженецот и невестата пред свештеникот и црквата даваат слободно ветување за својата заемна брачна верност и нивната врска се благословува како слика на блискоста на Христос со црквата и им се дава благодат која ја осветува нивната врска за заемно помагање и благословено раѓање и христијанско воспитување на деца. Според христијанските верувања, Бог уште во рајот ја осветил брачната врска кога го благословил [[Адам]] со [[Ева]]. Самата тајна се извршува во средината на црквата, пред Светиот Крст и Светото Евангелие. Две важни работи и припаѓаат на видливата страна од бракот:
 
* свечена изјава на младоженецот и невестата пред црквата дека слободно стапуваат во брачна врска,
* свечениот благослов на нивната брачна врска-од страна на свештеникот-кој им става венци на главата
 
Раните христијански писатели исто така, потврдуваат дека [[Евхаристија]]та му дава на бракот особено христијанско значење. Така Тертулијан ([[2 век]]) пишува дека:
 
{{cquote|бракот е уреден со Црквата, потврден со бескрвната Жртва (со Евхаристијата), запечатен со благословот, а на небото напишан од Ангелите Божји“ (За Неговиот живот).}}
 
Чинот на Светата Тајна Брак е исполнет со симболизам кој потврдува дека мажот и жената се крунисуваат еден со друг, “''и двајцата постануваат едно тело''“. Надворешните дејства и изгледот се потврда на духовната реалност на венчавањето. Самиот чин се состои од два дела: прстенување и крунисување. Во минатото било пракса овие два дела да се извршуваат одвоено, така што прстенувањето се извршувало на веридбата, а крунисувањето на денот на свадбата или венчавањето. Денес тие се извршуваат заедно како една целина.
 
== Наводи ==