Протестантство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
=== Англиканство===
Црквата на Англија или Англиканската црква е официјална [[христијанство|христијанска]] црква<ref>{{цитирана веб страница| |url=http://www.cofe.anglican.org/about/history/ |title=The History of the Church of England |publisher=The Archbishops' Council of the Church of England|accessdate=2006-05-24}}</ref> во [[Англија]] и мајка-црква на англиканските цркви ширум светот. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на Реформацијата.<ref>http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf</ref>
 
Црквата на Англија се смета себеси и за [[римокатоличка црква|католичка]] и за реформирана ([[протестантизам|протестантска]]): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.<ref>http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf</ref> Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни принципи од [[Протестантска реформација|Реформацијата]] од [[16 век]]. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата [[Елизабета I]] како дел од помирувањето на религијата во Англија. Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на [[Мери I]], но Елизабета била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на [[протестантизам|протестанска]] црква. Со таа цел во 1559г. парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква. Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од [[римокатолицизам|римо-католичката]], се исклучувало читањето на името на [[папа]]та и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници. На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во [[брак]], се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на црквата на Англија. Актот се соочувал со голем отпор во [[Горен дом|Горниот дом]] како и од католичките бискупи кои гласале против него. Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на [[Англиканската црква]]. По празнувањето на [[Велигден]] парламентот продолжил со работата и се расправало за двата нови акта кои ги има предложено владата, [[Акт за врховна власт|Актот за врховна власт]] и [[Акт за униформност|Актот за униформност]]. Првиот акт ја подврдил Елизабета како врховен управник на Англиканската црква. Врховен Гувернер била поприкладна титула што фактички ја направило Елизабета врховен господар на црквата, без притоа да и пишува титуларно. Ова било многу важно бидејќи луѓето во [[XVI век]] едноставно не можеле да прифатат една жена да биде главна на црквата во некоја држава. Вториот едикт, [[Акт за униформност|Актот за униформност]], требало попретпазливо да се донесе, за разлика од остатокот од реформацијата на политичкиот и религиозниот живот во [[Англија]]. Предвидувал строги закони за католиците, се исклучувало името на [[папа]]та од црковните служби и се дозволувала и протестанската и римокатоличката [[литургија]] во црквите. По распуштањето на парламентот Елизабета заедно со [[Вилијам Сесил]] донеле редица на закони познати како Кралски налози. Тие доаѓале нешто како продолжеток на религиозната реформа и се однесувале на католиците, се забранувала римокатоличката свештеничка облека, се забранувала употребата на [[леб]]от во црковната служба и др. Во окрузите низ кралството каде доминантно било католичко население постоело одредено негодување кон реформите, па така што одредени измени биле неопходно вметнати со што послужиле за полесно официјално прифаќање од сите поданици на кралството.
 
Елизабета никогаш не ја сменила религиозната нагодба и покрај жестоките протести од страна на протестантите (пред се од [[пуританци]]те), со што основата на денешната [[Англиканска црква]] потекнува токму од религиската нагодба од 1559г. Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на [[Хенри VIII]], и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископот од Кентербери кој е поглавар на црквата.
Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на Реформацијата.<ref>http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf</ref>
 
Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на [[Хенри VIII]], и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископот од Кентербери кој е поглавар на црквата.
 
===Анабаптизам===