Евла (Ресенско): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: en:Evla
Ред 19:
 
== Географиja и местоположба ==
Селото Евла административно и припаѓа на општината Ресен. Лоцирано е на западниот дел на Преспанската Котлина во подножјето на планината Галичица. Од Ресен е одалечено на пет километри, а со градот е поврзано со асвалтен пат.
На само пет километри западно од Ресен се наоѓа прекрасното село Евла, населено со стотина жители
Населбата е распространета на рамничарски простор на надморска височина од 925 метри. Западно од селото се протегаат падините на планината Галичица, обрастени со богат фондт на дабова и букова шума, а на истичната страна е полето во кое се лоцирани нивите, ливадите, лозјата и овоштарниците со јаболкови насади.
Соседни населени места на село Евла се: на северната страна селата Петрино и Болно, на јужната Горно Дупени и Лавци, на источната Преспанската Котлина со градот Ресен, а на западната планината Галичица и градот Охрид.
Атерот на населбата зафаќа површина од 26,1км/2. Во него доминираат шумите со површина од 1.438 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 374, 3 ха , а на пасиштата 327,8 ха. Водениот потенцијал на просторот е доста богат. Низ средината на селото тече мала планинска река по име Елска Река која ја дели населбата на два дела, а на северо – источната страна, по целата должина на атерот, поминува Источка Река која е поголема и на неа порано биле изградени и успешно функционирале пет воденици.
Издашноста на водата во реките дозволувала да се наводнуваат полињата на селата Евла и Горно Дупени, а во периодот 1952- 1953 година да се изгради и мала хидроцентрала. За тоа време, во услови кога селските населби не беа електрфицирани, ова село ја имало привилегијата да биде меѓу првите што има електрчно осветление.
Ридско – планинскиот појас кој како потковица го обвиткува селото, го прават ограноците на планините: Вртелка со највисока кота 1056 метри, Спаса 1100 метри, Јаворец 1236метри и Исток 1241метар. На овој простор во реонот Спаса, на 3 километри западно од селото, во близина на локалитетот Елски Копанки, се наоѓа познатиот пештерски манастир Свети Спас. Овој манастир со убавата шума околу него, зелениот папрат, тревњаците и планинската студена вода, е атрактивно излетничко место за населението на цела Преспа и пошироко. До него по адаптиран шумски пат, во секое време може да се дојде и со моторно возило.
 
== Историja ==