Грузиска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
Првата грузиска епархија била основена во [[Ацкури]], од страна на [[апостол Андреј]]. Најстара позната денес црква во [[Грузија]] датира од [[3 век]] и се наоѓа во [[Настакиси]], во источна Грузија. Од [[303]] година, Нино од [[Кападокија]] започнал да го приповеда христијанството во Иберија и во [[317]] година христијанството било признаено како официјална државна религија на земјата од страна на царот [[Миријан II]] и неговата сопруга Нана. Христијанизацијата во западните делови на Грузија конечно завршила во текот на [[6 век]]. [[Свети Ѓорги Победоносец]] бил сметан за покровител на земјата, од каде и доаѓа името на земјата на голем број европски јазици (''Georgia'').
 
Од почетокот на 4 век, Грузиската православна црква била под јурисдикција на Антиохиската патријаршија. Таа станала автокефална во 466 година, кога епископот Мцхета бил прогласен за католикод на Картли. Во периодот од 6 век до 9 век, земјата претрпела голема трансформација, со појавата на монаштвото. Еден од најпознатите центри на христијанската култура се Грузискиот манастир во Синај, манастирот Иврион во Атон, Бачковскиот манастир во Тракија и.т.н.
Во 1010 година, катокликосот на Картли бил издигнат до патријарх и започна да ја носи титулата католикос-патријарх на цела Грузија. Монголските и турските инвазии во периодот од 13 до 15 век се одразиле многу тешко на христијанството во земјата. Од 15 век, црквата како и државата била разделена на два дела, кои биле управувани од два католикос-патријарх.