Рафаел Алберти: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
}}
 
'''Рафаел Алберти''' ([[16 декември]] [[1902]] - [[28 октомври]] [[1999]]) е [[Шпанија|шпански]] [[поет]], [[драма]]тург, [[сликар]], [[графика|графичар]], виден член на ''[[Генерацијата '27]]'', еден од најзначајните шпански поети на [[20-ти век|дваесеттиот век]]. Во својата поезија Алберти создава еден од најперсоналните и автентични опуси во модерната шпанска лирика. <ref name=Mateja/>
 
== Биографија ==
Ред 30:
Роден е во [[Пуерто де Санта Марија]] ([[Кадис]], [[Андалузија]]), место каде и го започнува школувањето. <ref name=Mateja> [[Матеја Матевски]], ''Десет века на шпанската поезија'', [[МАНУ]], Скопје, 2004, стр. 514-515. </ref>. Оди во [[Мадрид]], каде најпрво флертува со [[сликарство]]то, за потоа, поттикнуван од [[Хуан Рамон Хименес|Хименес]] и неговиот близок пријател [[Федерико Гарсија Лорка|Лорка]] потполно да се повети на [[поезија]]та: ''Marinero en tierra'' (''„Морнар на копно“'', [[1925]]), ''La Amante'' („''Љубената''“, [[1926]]) и ''El alba del alhelí'' (''„Зората на шебоите“'', [[1927]]). Неговото рано творештво многу ѝ должи на шпанската традиција иако на карактеристичниот ''[[Кансониеро]]'' израз, Алберти успева да му даде една сосема нова авантгардна перспектива. Неговата прва книга, ''Морнар на копно'', заедно со ''Хумани стихови'' на [[Херардо Диего]], ќе ја подели националната награда за литература.
 
Откако се приклучува на ''[[Генерацијата '27]]'', Алберти почнува да ги покажува во својата поезија влијанијата на [[Луис де Гонгора]]. Сепак, интроспективниот надреализам во ''Sobre los ángeles'' (''„За ангелите“'', [[1929]]), чиј тон е помалку и очекуван по неколкуте мрачни моменти во неговото рано творештво, ќе направи од Алберти зрел и високо ценет поет. ''Sobre los ángeles'' се смета за најдобро дело на Алберти.
 
Во текот на [[1930]]тите поезијата на Алберти политички се активира, почнувајќи од ''Con los zapatos puestos tengo que morir'' (''„Морам да умрам носејќи ги сопствените чевли“'', [[1930]]). Во [[1931]] година, Алберти станува член на [[Комунизам|Комунистичката партија]]. Поезијата од неговиот [[марксизам|марксистички период]] е собрана во ''Consignas'' (''„Ред“'', [[1933]]), ''Un fantasma recorre Europa'' (''„Дух ја демне Европа“'', [[1933]]), ''13 bandas y 48 estrellas'' (''„13 риги и 48 ѕвезди“'', [[1936]]) и ''El poeta en la calle'' (''„Поетот на улицата“'', [[1938]]).